Јохан Фридрих Пфаф
Јохан Фридрих Пфаф (герм. Johann Friedrich Pfaff; Штутгарт, 22 декември 1765 - Хале, 21 април 1825) — германски математичар. Во XIX век важел за еден од најзнаменитите математичари во Германија. Изучувал интегрално сметање и се истакнал со неговата работа на делумните диференцијални равенки од прв ред (денес наречени Пфафови системи) кои станале дел од теоријата на диференцијалните форми. Бил и постдипломски советник на прочуениот математичар Карл Фридрих Гаус. Високото образование го стекнал кај Абрахам Готхелф Кестнер и станал претходник на германската математичка школа. Под водството на Гаус и неговите следбеници, оваа школа одиграла клучна улога во развитокот на математиката во XIX век. Бил пријател на Гаус, со кого се зближиле како цимери во Хелмштет (1798). Подоцна негов студент станал Август Фердинанд Мебиус. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia