Долгоопашеста сипка
Долгоопашестата сипка (науч. Aegithalos caudatus) е честа птица која е распространета низ Европа и Азија. Има неколку варијанти на видот кои се разликуваат по социјализацијата и начинот на размножување. Оваа птица ја има и во Македонија. Таксономија и систематикаНајпрво, долгоопашестата сипка беше класифицирана во семејството на вистинските сипки во групата Parus. Но, таа група беше одвоена и стана посебно семејство (Aegithalidae) со три рода:
Овој вид долгоопашеста сипка е единствен претставник на семејството Aegithalidae во северна Евроазија.[2] Видот егзистира во 19 раси, сместени во четири групи:[3]
На местата каде групите се преклопуваат има и мешани, хибридни видови. Распространетост и живеалиштеДолгоопашестата сипка е широко распространета низ северните умерени делови на Европа и Азија, до Скандинавија на север и Средоземјето на југ.[2] Нејзиното живеалиште се листопадните и мешаните шуми, со грмушки по краевите на живеалиштето. Исто така, може да се најде во места со грмушки, со ретки дрвја, во обработливо земјиште, крај речна вегетација,[3] во паркови и градини. Опис![]() Долгоопашестата сипка е малечка птица, долга 13-15 см, вклучувајќи ја и опашката која е долга 7-9 см. Има топчесто тело, краток, цврст клун и многу долга тенка опашка.[3] Половите се исти, а младенчињата се митарат и се здобиваат со возрасни пердуви уште пред првата зима. Перјето е претежно црно и бело, а кај некои може да се појави и сиво и розово.[3] ИсхранаИсхраната на оваа сипка се состои од разни видови инсекти, а претпочита јајца и ларви од молци и пеперуги. Наесен исхраната може да се состои и од семиња.[2] Гнездење![]() ![]() Гнездото на долгоопашестата сипка е конструирано од 4 материјали: лишаи, пердуви пајажина и мов. Над 6.000 парчиња од овие материјали се потребни за едно типично гнездо. Гнездото претставува флексибилно ќесе со мал, кружен влез на врвот, обесено на гранките од дрвјата или поставено ниско во грмушките. Стабилноста на гнездото е обезбедена со решетката од мов и пајажина. Ситните ливчиња од мовта се кукички, а пајажината служи како врзивно средство, заедно создавајќи природно велкро (чичак).[4] Однадвор, сипката го обложува гнездото со стотици лушпи од лишаи што му овозможува камуфлажа. Внатре, пак, го постила со повеќе од 2000 ситни пердувчиња за да го изолира.[4] Социјално поведениеСоцијалното поведение е најдобро проучено кај овој вид. Обемна работа е извршена од страна на Гастон (1973), Глен (1985) и Глен и Перинс (1988), како и од многу други. Сите истражувања на крај ги сумирале Крамп и Перинс (1993). Вон сезоната на парење, долгоопашестите сипки, формираат компактни јата од 3 до 30 птици, сочинети од семејни членови (родители и младенчиња) од претходната сезона на парење, заедно со уште некоја возрасна единка која помогнала да се подигне потомството.[2] Јатото ќе заземе и ќе ја брани определената територија од соседното јато.[5] Најверојатно, причината за создавање на вакви јата е студот, а студените ноќи полесно ќе ги преживеат ако се греат едни со други.[6] Во февруари-март сите членови на зимското јато ќе се спарат и ќе гнездат, со мажјаци од зимското јато, но женките имаат тенденција да заскитаат и во соседните територии.[5] Гнездата многу страдаат од грабливци, и имаат само 17% успешност.[7] Паровите чие гнездење ќе пропадне имаат три избора: да се обидат повторно, да го прескокнат гнездењето за таа сезона или да помогнат во соседното гнездо. Се утврдило дека парот се раздвојува и помага во гнездото на роднините од мажјакот,[6][8][9] а ги препознаваат според огласувањето.[8] Гнездата на кои им се помага имаат подобар успех во бројноста на подмладокот и подобра одбрана.[6] На крајот од сезоната за парење, јуни-јули, птиците ги реформираат зимските јата на зимската територија.[5] ОгласувањеОгласувањето е вредна помош за лоцирање и идентификување на овие птици. Кога се во јато тие постојано комуницираат и често попрво се слушаат отколку што се гледаат. Тие имаат три главни повици, еден висок, силен пит, троен вибрирачки из-из-из и растреперено шнууур. Повикот станува побрз и посилен кога птицата ќе излезе на отворен терен или ако единката се одвои од групата.[10] СтатусБидејќи се многу малечки, овие сипки се ранливи на екстремно студено време. И по 80% загуба на нивната популација е забележана во продолжени зими. Но, имаат висок размножувачки потенцијал[3], па популацијата се обновува. Нивниот статус е во категоријата најмала загриженост. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia