Домашна гуска
Домашна гуска (науч. Anser anser domesticus или Anser cygnoides) — припитомени гуски од видот дива гуска или лебедовата гуска кои се одгледуваат како живина заради месото, јајцата и пердувите уште од најстари времиња. Потекло и особености![]() ![]() Во Европа, северна Африка и западна Азија, домашната гуска потекнува од дивата гуска (Anser anser). Во источна азија, предок на домашната е лебедовата гуска (Anser cygnoides), наречена и кинеска гуска. Во поново време обете се широко распространети низ светот, а се среќаваат и вкрстувања. Кинеската гуска лесно се распознава по големата џумка при основата на клунот, додека пак вкрстените единки се разликуваат од неа во различен степен.[1] Според излагањето на Чарлс Дарвин во неговото дело „Промени кај животните и растенијата при примитомување“ (The Variation of Animals and Plants under Domestication i. 287), гуската е припитомена многу одамна, зашто сведочат археолошките наоди во Египет, стари повеќе од 4.000 години.[2] Низ вековите, домашните гуски се одгледувани да бидат значително поголеми од дивите, па затоа тежат до 10 кг,[2] наспроти 3,5 кг кај лебедовата и 4,1 кг дивата гуска.[3] Поради ова, имаат видоизменета градба на телото: дивата гуска има водорамна градба и тенка одзади, додека пак домашната е исправена, со масни наслаги во задникот. Оваа измена влијае врз способноста за лет: домашната гуска мафта со крилјата и може да се издигне само малку, во мошне кратко времетраење. Покрај ова, домашната гуска се одликува со значително поголема плодност — 50 јајца годишно, во споредба со 5–12 јајца кај дивата — што е производ на избирањето на погодни единки низ вековите.[2][3] Измените во перјето се разновидни: во многу случаи, птиците се избирани за да се отстрани кафеавата боја, па затоа денес се бели и бело-кафени. Други пак, имаат обоеност и шара блиска до изборната, а трети, како денешната тулуска гуска, имаат речиси истоветно перје како дивата, разликувајќи се само во градбата. Белите гуски историски се претпочитаат поради употребата за перници и постелнини, како и поради поуредниот изглед кога се искубани. Гуските даваат големи јајва, со тежина од 120-170 г.[2] кои се јадат исто како кокошкините, иако имаат сразмерно повеќе жолчка. По вкус се мошне слични на кокошкините, но малку повеќе во насока на дивеч. Стражарска улогаБидејќи се чувствителни на необични движења и имаат гласен вик, гуските уште од дамнина се ставени во улога на многу успешни стражари на имотот на нивните стопани.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia