Дорнбург-Камбург
Дорнбург-Камбург (германски: Dornburg-Camburg) — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил создаден на 1 декември 2008 година, кога се споиле градовите Дорнбург и Камбург и општината Дорндорф-Штојдниц. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Дорнбург-Камбург. ГеографијаГрадот се наоѓа во северозападниот дел на округот Зале-Холцланд во средниот тек на долината на Зале помеѓу градовите Јена и Наумбург. Спојување на градовите Дорнбург и Камбург се случила, иако двата града немале заеднички граници. Градски единициКамбург (2846 жители) се наоѓа на патот Б88 помеѓу Дорнбург/Дорндорф-Штојдниц и Наумбург. Таму се наоѓа и градската управа, како и управата на општинската заедница Дорнбург-Камбург.
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на градот Дорнбург-Камбург се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
ГрадоначалникВо мај 2012 година била избрана адвокатката Доротеа Шторх од CDU за нова градоначалничка. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia