Ајзенберг (Тирингија)За други истоимени места, погледајте Ајзенберг.
Ајзенберг (германски: Eisenberg) — град и административно седиште на округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Јена (25 километри на запад) и Гера (15 километри на југоисток). Западно од Ајзенберг води автопатот А9 од Берлин до Минхен. Традиција во Ајзенберг на Бадник е луѓето во градот да се сретнат на плоштадот и до шест часот да слушаат божиќна музика во живо од кулата на Градското собрание - свирена од хорот на лутеранската парохија. Главна знаменитост во градот е барокната замок-црква, изградена во 1692 година од Кристијан, војвода на Саксо-Ајзенберг. ГеографијаГрадски единициГрадот Ајзенберг се состои од историскиот Стар град и поновите градски единици. Околу еден километар на север се наоѓа населбата Хајмштетен. Во долината на Рауда, јужно од Стариот град, долж потокот се наоѓаат осум . Кон Ајзенберг се припоиле поранешните соседни општини Фридрихстанек, Заза и Курсдорф. Соседни општиниСоседни општини се Гезен, Хајншпиц, Хајделанд, Петерсберг, Рауда, Зилбиц, Таутенхајн и Вајсенборн. КлимаПросечните годишни врнежи во периодот 1961-1990 изнесуваат 646 мм и со тоа се под германскиот просек. Најсув месец е февруари, додека најмногу врнежи паѓаат во јуни и во август. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на градот Ајзенберг се состои од 24 членови, што одговара за град помеѓу 10.001 и 20.000 жители.[2] Членовите се избираат со мандат од пет години. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]
* Сојуз за посебност ГрадоначалникОд 1 јули 2019 година, градоначалник на Ајзенберг е Михаел Кислих (CDU). Збратимени градовиАјзенберг е збратимен со следниве градови: Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia