Драгана Мирковиќ![]() Драгана Мирковиќ (родена во Касидол, во близина на Пожаревац, на 18 јануари 1968) е српска пејачка во правецот на поп-фолк музика. Многу извори ја опишуваат како најголемата ѕвезда на Балканот.[1][2][3][4] Со речиси 10 милиони продадени плочи и снимки, таа е најпродаваната пејачка во деведесетите години на територијата на поранешна Југославија, но и во Бугарија, како и најпродаваната пејачка во осумдесетите години, веднаш по легендарната Лепа Брена. Таа е популарна низ територијата на поранешна Југославија и е единствената српска пејачка која ги распродала концертите на големите стадиони во Бугарија, Романија[5][6] и Босна,[7] како и единствената српска пејачка која одржала голем солистички концерт на територијата на Турција. Таа била позната и по нејзините иновативни, високобуџетни и уникатни видеа и комплицирани кореографии во стилот на популарната Џенет Џексон. Драгана Мирковиќ глумела во три филма, од кои најпознат е „Слатки од соништата“, во кој ја играла главната улога. Таа е сопственичка на телевизијата „ДМ Сат“ со седиште во градот Пожаревац. Најпрестижното американско списание „Билборд“ објавило статија во која Драгана Мирковиќ ја нарекуваат „Српска Мадона или Лејди Гага “,[8] а често ја нарекуваат и „кралица на српската сцена“[9] или „Светлината од Касидол“.[10] Нејзиниот албум од 2006 година таа го нарекла „Луче моје“. БиографијаДрагана Мирковиќ е родена во околината на Пожаревац, и израснала во шестчлено семејство во селото Касидол, кое се наоѓало во близина на градот Пожаревац. Со музиката започнала да се запознава благодарение на нејзиниот дедо Драгутин, додека го слушала како свири на хармоника. На пет години ја научила првата песна: Девојкаta му згрешила на соколот. Нејзиниот музички талент бил многу бргу забележан, бидејќи со учеството на локалните натпревари го привлекла вниманието на видни луѓе од Дискографските куќи кои ѝ понудиле да сними музичка плоча.[11] Долго време била во врска со Зоран Башановиќ, кој ѝ бил и менаџер,[12] но се омажила за Тони Бјелиќ, стопанственик кој живеел во Виена. Со него имала и две деца, Марко (2001) и Мануел (2002). По склучување на нејзиниот брак, Драгана се повлекла од очите на јавноста. По четиригодишна пауза, таа го снимила албумот кој претставувал повратен албум кон сцената. Овој албум носел име ,,Трага од минатото'' во 2004. Во текот на кариерата Драгана одржала шест самостојни музички турнеи, а продала 1,5 милиони билети. Помалку продадени билети имала само од Лепа Брена. КариераМузички почетоци и првата снимена плочаПрвиот албум Драгана го објавила во април 1984 година во соработка со Новица Урошевиќ, а дека нејзиниот талент од самиот почеток на кариерата го забележала публиката говори и фактот што тој албум бил продаден во 160.000 примероци. Првото телевизиско појавување се случило на крајот на 1984 година во шоуто „Новогодишна фолк парада“. Таа настапила заедно со 12те најпопуларните пејачи на народна музика во тоа време. Следната 1985 година, нејзиниот Втор студиски албум бил објавен во соработка со Новица Урошевиќ. И овој албум бил одлично прифатен од страна на публиката, исто како и нејзиниот прв албум. Со „Јужни ветар“Како член на популарната музичка група од тоа време Јужни ветар, таа настапувала на турнеи низ цела тогашна СФРЈ, а на концертот на Ташмајдан во Белград настапувала пред тогашните рекордни 11.000 гледачи. Драгана ја прекинала соработката со Новица Урошевиќ и во 1986 година преминала во групата „Јужни ветар“. Заедно со оваа музичка група го објавила својот трет студиски албум наречен како „Спаси ме од самотија". Носечката песна како и песната „Кога би знаел колку копнеев“ подоцна биле вистински евергрини во народната музика. Со тој албум Драгана заминала на голема југословенска турнеја заедно со групата Јужни ветар и пејачите; Шемса Суљаковиќ, Синан Сакиќ, Миле Китиќ и Кемал Маловчиќ. Следната година, поточно во 1987 година, Драгана го објавила својот нов албум, помодерен од претходните, а сѐ почесто се слушало дека само со нејзини 19 години започнала да пее сериозни и зрели песни. Една година подоцна, во 1988 година, таа го објавила албумот со кој ги надминала претходните. Во 1989 година, Драгана го објавила најпродаваниот албум со групата Јужни ветар наречен „Симпатија“, кој бил продаден во неверојатни 500.000 примероци. Овој албум содржел многу хитови. Истата година ја објавила првата видеокасета со нејзини музички спотови и веднаш потоа го добила првиот Оскар за популарност за хит на годината за нумерата „Симпатија“. Во средината на месец август 1990 година, таа го објавила својот последен албум со групата Јужни Ветар, И покрај тој успешен факт таа сепак мислела дека албумот не е доволно добар и затоа ја прекинала соработката со музичката група Јужни Ветар. Истата таа година Драгана Мирковиќ ја снимила својата прва емисија (шоу програма) наречена „Вечер со Драгана Мирковиќ“. Во таа емисија ја носи како гостинка југословенската ѕвезда Лепа Брена. Таа во својата емисија промовирала нови песни. За прв пат се обидела да пее и странска музика, Исто така таа го снимила хитот „Е, мој докторе“ во дует со групата Зана. Истата година, Мирковиќ го освоила вториот Оскар за популарност за пејач на годината. Деведесеттите годиниВо деведесеттите години, Драгана се преселила најпрво во издавачката куќа на „ПГП-РТБ“ (денес „ПГП-РТС“), а потоа во издавачката куќа на „Зам“ каде што го снимила албумот „Ни доаѓаат подобри денови“. Таа во тој период го имала најпродаваниот албум на годишно ниво. Нумерите биле во фолк-рок и фолк-поп стил. Песната „Плачи земјо“од истоимениот албум, од 1995 година, била најпродаваната српска песна на бугарскиот музички пазар во историјата, а постојано се наоѓала помеѓу 200-те најпродавани на сите времиња. Покрај Драгана Мирковиќ групата на Јужни ветар, ја напуштиле и Перица Здравковиќ и Сава Бојиќ, кои подоцна го формирале бендот наречен „Жар“. Заедно со групите „Жар“, „Фута“ и „Злаја“, Драгана објавила нов албум. Издавач на новиот албум била тогашната издавачка куќа на „ПГП РТБ“. Новиот албум на Драгана бил претставен со зборовите: „Таа има продадено повеќе од 2.000.000 музички плочи и касети. Во 1989 и 1990 година двапати по ред победила на Посел 202, најпопуларниот фолк настан и освоила два Оскари на Популарноста на РТВ Ревија. Музичката група на „Жар“ се потрудиле да го модернизираат новиот албум на Драгана во што донекаде и успеале, но, сепак пак се чувствувало влијанието на групата Јужни Ветар. Нумерата „Добра девојка“ што ѝ ја понудила авторката Марина Туцаковиќ не била сигурна дали да ја сними, затоа што и било чудно да пее песна за себе како е добра девојка, додека песната „Ти поклонувам љубов“ добила ремикс - верзија кој бил првиот ремикс во таа област на тие простори. Таа, исто така, многу внимавала на својот сценски настап, па набрзо започнала да соработува со танцовата група на Џогани Фантастико. Подоцна Драгана објавила видео касета со спотови и со тоа станала најактивната пејачка во однос на снимањето на нови спотови. Во 1992 година одржала концерт во Софија на стадионот Левски пред околу 55.000 луѓе. По распадот на бендот „Жар“, наредната година, Драгана се вратила на сцената во нов револуционерен дух. Во 1992 година го снимила својот деветти студиски албум, кој бил прво издание за новата издавачка куќа на „ЗАМ“. Драгана тогаш изјавила дека за само два месеци касетата била продадена во повеќе од 150.000 примероци и дека на концертите од тој албум пеела дури 7 песни, што било голема реткост. Албумот бил неколку пати препечатен и бил продаден на териториите на поранешна Југославија, дијаспората, како и во државите Бугарија и Романија. Продажбата изнесувала над еден милион примероци, што на Драгана ѝ го давало епитетот за најголемата ѕвезда на територијата на поранешна Југославија, но и пошироко. Таа 1992 година одржала турнеја и во печатените медиуми објавила дека ќе има вкупно 10 концерти во главниот град. Во 1993 година таа го издала јубилејниот, десетти албум и симболично го именувала како „ бр.10“, посветувајќи го на својот менаџер Раки Ѓокиќ, кој починал на крајот на годината. Драгана одржала исклучително успешна турнеја низ поранешна Југославија со десет последователни концерти во Домот на синдикатите. Истата година, таа го добила Оскарот за популарност за десет години популаризација и модернизација на народната музика. По заминувањето од „ЗАМ“ во септември 1994 година Драгана се приклучила на издвачката куќа на РТС ПГП. Истиот месец се појавил нов албум. Започнала да работи со музичката група „Бит Стрит“, со која соработувала во наредните години. Албумот од 1994 година, фановите на Драгана го сметале за нејзин најдобар албум во целата кариера. Можело да се каже дека сите песни од тој албум претставувале хитови. Автори на песните од новиот албум претежно биле Марина Туцаковиќ и Фута, додека Александар Милиќ Мили исто така се испробал како композитор и компонирал музика за баладата „Ни не сум ни метар од тебе“, која слободно можело да се нарече евергрин песна, додека танцовите „Само еден саат“ и „Кажи ми“ биле дело на Хуса од групата „Бит Стрит“. Во 1995 година, Драгана повторно заминала на голема турнеја низ поранешна Југославија, понекогаш пеејќи во два града за еден ден. По крајот на големата турнеја на 22 и 23 јуни таа одржала солистички концерти во центарот „Сава“, и по подолги години испеала неколку песни од периодот кога соработувала со музичката група на Јужни ветар. Тогашните печатени медиуми објавиле: „Два дена над 8.000 фанови уживаа во најголемите хитови на Драгана, гламурозни, холивудски и со беспрекорен звук. На висина на задачата биле и нејзините музички гости: Жељко Шашиќ, Нино од Дивљи кестен и Бит Стрит, па публиката два дена со задоволство го напушташе преполниот Центар на „Сава“. „Концертот се пренесувал во живо на телевизијата Пинк. На крајот на 1995 година бил објавен и Дванаесеттиот студиски албум. Овој албум за само месец и половина бил продаден во тираж од над 60.000 касети. На тој албум се издвојувале евергрините како: „Плачи земјо“, „И во добро и лошо“, „Сакам да те видам“, „Стани солзо, стани“ и хитот со пејачот Нино Решиќ „Убава девојка“. На овој албум и наредните била откажана соработката со Фута и со Марина Туцаковиќ. Наредната 1996 година, Драгана го објавила својот нов албум. Од песните се издвојувале: „Нема промени“, „Душута ми ја испи“, „Тебе љубов“, „Тоа не е твоја работа“, „Брат мој“, како и песната од дуетот со пејачот Жељко Шашиќ „Очи полни тага“. Истата таа година Драгана го добила Оскарот за популараноста за пејач на деценијата. Следната година, во 1997 година, таа го објавила новиот албум кога и започнала соработка со Дејан Милиќевиќ, кој изработил многу ефикасен спот за песната „Последна вечер“, која се смета за евергрин. На 20 март 1998 година Драгана одржала солистички концерт во салата „Пионир “ пред околу 8.000 фанови и со тоа ја започнала турнејата. Концертот го пренесувала државната телевизија „РТС“. Некаде по 20 часот се слушнала ерупција од ентузијазам во салата кога Драгана Мирковиќ се појавила на сцената облеана во многу чад во автомобил од марката „Ламборгини Дијабло“. На концертот имало многу кореографија, ефекти, пиротехника. По сознанието дека Саша Поповиќ и Лепа Брена отвораат нова издавачка куќа наречена „Гранд “ таа одлучила да го издаде следниот албум токму во новата издавачка куќа. Албумот бил издаден во месец февруари 1999 година за ПГП РТС, но во копродукција со Гранд бидејќи РТС сакала сепак Драгана да остане во нивната издавачка куќа. Албумот се појавил во 130.000 примероци. Драгана Мирковиќ снимила спот само за една песна од тој албум и тоа за нумерата „Денови“, додека останатите песни ги промовирала во емисиите на Гранд и на РТС. Мирковиќ многу често се појавувала во емисиите на Гранд, и тоа најчесто на крајот, редовно пеејќи по две песни. Промоцијата на албумот била оддеднаш прекината и тоа од март до јуни 1999 година поради агресијата на НАТО алијансата врз тогашната СР Југославија. Песните биле популарни, но не толку поради новонастанатата ситуација во државата. Една песна се издвојувала од останатите. Тоа била песната „Уште си ми драг“ која и до денес е голем хит. Во мај 2000 година Драгана Мирковиќ преминала во издавачката куќа „ Комуна“ каде што го објавила новиот 16ти студиски албум. Изборот паднал на издавачката куќа Комуна затоа што сакала новиот албум да биде проследен со квалитетни видео спотови. Па во пустината Сахара Драгана ги снимила спотовите за песните „Сама“ и „Спомени чувам“, додека за песната „Немам милиони судбини“ спотот е снимен во Белград. Песните биле придружени со ориентални мелодии, што било во тренд во тоа време. Иновацијата што го придружувал овој албум била диск со необична форма кој бил испечатен во Швајцарија. Две илјадитите годиниИако Драгана изјавила дека кога ќе се омажи повеќе нема да пее, во јануари 2004 година го објавила новиот албум „Траг од времето “. Албумот „Траг од времето“ Драгана им го посветила на сопругот Тони и децата Марко и Мануел. Промоцијата на албумот била проследена со промена на имиџот, па препознатливата црна коса Драгана ја променила со коса во црвена боја. Последниот албум бил доста неподготвен. Тој бил некомерцијален, со песни кои тогаш не се препознавале како хитови. Спотот бил снимен само за песната „Еве добра сум“ која доста се слушала на нашите простори додека кај дијаспората хитови биле песните: На албумот немало класични народни песни, песните биле со модерни ноти, а Драгана решила да снима спотови за речиси сите песни. Таа снимила дует со пејачот Данијел Ѓокиќ, а песната носела наслов „Живот мој“. Оваа нумера станала голем хит дури и покрај тоа што никогаш не се емитувал на каналите со национална честота. Во декември 2008 година Мирковиќ го објавила албумот „Експлозија“ за продуцентската куќа „Вујин рекордс“. Песните биле одлични и квалитетни, и најчесто можеле да се слушнат само на телевизијата „ДМ САТ “, па поради тоа албумот не бил доволно промовиран. За албумот се снимени неколку видеа од видео продукцијата „DM SAT“. Имало спотови за насловната песна и „Единствено мое“ кој бил снимен во Истанбул, каде што Мирковиќ одржала и концерт. По цели 12 години, на 30 септември 2010 година, таа одржала концерт во Белград, и тоа во центарот „Сава“. Концертот бил од хуманитарен карактер. Од 2011 година до денесВо април 2011 година, таа ги објавила сингловите „Единствени“, кој му го посветила на нејзиниот сопруг Тони за 10 години од бракот. Спотот за песната „Другари“ го снимила во нејзиниот замок „Ебенфурт“. Нејзините деца Марко и Мануел се појавиле во спотот за песната „Едиствени“. Во декември 2012 година Мирковиќ го објавила својот јубилеен дваесетти албум со дваесет песни на него, издадени за Босна и дијаспората од издавачката куќа „Вујин рекордс“, додека издавач за Србија била куќата „Змекс“.Таа во 2013 година одржала концерт пред 70.000 луќе на плоштадот во Решица во Романија. Во 2014 година, таа добила покана од порториканскиот пејач Хосе Фелисијано да снимат дует-песна, на што таа со ентузијазам се согласила. Дуетот бил испеан на англиски и на шпански јазик. На 3 октомври истата година одржала голем солистички концерт во белградската „Арена“. На крајот на јуни 2016 година ги објавила хит сингловите „Лепи мој“ и „Зашто ме бараш“, кои имаат над 34 милиони прегледи на социјалната мрежа „Јутјуб“. На 3 октомври, 2014 година Драгана одржала голем солистички концерт во Арената во Белград, пред околу 20.000 луѓе.[13] Следната 2015 година одржала концерт на стадионот во Врњачка Бања пред повеќе од 20.000 посетители. На 16 декември 2016 година настапила во градот Софија, во најголемата бугарска арена „Армеец“, пред 17.000 фанови.[14] Во периодот од 2016 до 2017 година била член на жирито на популарниот музички натпревар Пинкови ѕвезди. По објавувањето на нејзиниот дваесет и прв студиски албум кој бил објавен во продажба на 25 јануари 2017 година, ги соборил сите рекорди на слушање (што покажало дека некои песни од него имаат и над 20 милион прегледи на YouTube), Драгана започнала со голема соло турнеја наречена. Таа ја започнала турнејата на 12 мај 2017 година во салата „Мејден“ во Тузла каде имало околу 8.000 луѓе.[15] На 7 август истата година, Драгана одржала концерт на плоштадот Шврљиг, (близу до Ниш) каде ги срушила сите рекорди на посетеност, а таа вечер сообраќајот во целиот Шврљиг бил блокиран.[1] Подоцна, на 3 и 15 септември настапила најпрво во Бугарија, а потоа и во Сомбор. Во Бугарија на градскиот плоштад во туристичкото место Банско пред повеќе од 25.000 луѓе[16] и во спортската сала „Мостоног“ во Сомбор пред 5.000 посетители.[17] Во ноември 2017 година, таа ја продолжила својата голема соло турнеја Од милион једна во Америка, каде што настапила по цели дваесет години. На 10 ноември имала настап во Торонто, на 11 ноември во Чикаго, на 17 ноември во Њујорк и на 18 ноември во Сент Луис. Во Америка ги срушила сите рекорди на посетеност.[18] На 28 декември 2017 година Драгана одржала концерт за долго помнење во салата „Лук“ во Бихаќ пред повеќе од 3.000 луѓе.[19] Во 2018 година ја продолжила својата турнеја и имала огромни успеси низ цела Европа. Настапила во Париз (9 февруари), Словенија (24 февруари), Германија (3 и 17 март), Швајцарија (24 март), Хрватска (Загреб - 20 април и во Пула - 5 мај). Во средината на април 2018 година, таа ја објавила песната Проклето роден во дует со Вук Моб, кој го создал текстот за песната, додека музиката и аранжманот ги направил Марко Морено. Песната за многу кратко време ги соборила сите рекорди, а доказ за тоа биле критиките на социјалната мрежа YouTube. Во јули и август 2018 година, Мирковиќ ја продолжила својата турнеја и настапила најпрво во Босна и Херцеговина, а потоа и во Хрватска и Црна Гора. Во Босна и Херцеговина имала настапи на 20 јули во Мостар, на 21 јули во Љубушка, на 27 јули на градскиот стадион Велика Кладуша и на 31 јули во местото Сански Мост. Подоцна во месец август настапила во Хрватска и тоа на 3 август во Макарска, а на 19 август во најголемата будванска дискотека пред околу 5.000 посетители.[20] На 24 август Мирковиќ настапила на градскиот плоштад во Врање на манифестацијата „Дани Врања“, каде организаторите на концертот заклучиле дека тоа бил најпосетуваниот концерт откако постоела манифестацијата и дека тој настан ќе останел како рекорд во историјата на градот.[21] Набргу потоа, на 1 септември, таа настапила на затворањето на Лесковачкиот фестивал Роштиљада во градот Лесковац, а на концертот присуствувале околу 40.000 луѓе.[22][23] Во октомври 2018 година, Драгана ја одржала својата втора турнеја во Америка за помалку од една година и повторно ги срушила сите рекорди на посетеност. На 5 октомври настапила во Детроит, на 12 октомври во Де Мојн, на 13 октомври во Сент Луис, на 19 октомври во Чикаго и на 20 октомври во Атланта.[24] НаградиЗдружението на радио станици на Србија во 1993 година ја прогласило Драгана Мирковиќ за „Пејачка на деценијата“. Истата година, иселениците во дијаспората ја избрале за најпопуларната личност во периодот на трета Југославија. Драгана го зазела високото второ место, зад тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ. Трипати по ред победила на некогаш најголемата фолк манифестација „Посело 202“. Драгана Мирковиќ има освоено 9 Оскари на популарност. Добитник била на „Мелка“ како пејачка која ја одбележала 1995 година. Мирковиќ двапати ја добила наградата за најдобра пејачка на сите времиња - Оскар во БиХ 2006 година и Победник на Белград 2007 година. Во 2008 година, гледачите на популарната бугарска телевизија „Балканика“ ја прогласиле за најпопуларна пејачка на Балканот.[25] Фестивали
Мултимедијален уметникОна што можело да се види на светскиот музички канал МТВ на светските ѕвезди, Драгана го применила на своите настапи. На концерт во Сава Центарот во 1995 г. година, наместо класичен микрофон, имала вградено минијатурна бубачка што и овозможила целосна слобода на движење и играње со танцова група според внимателно дизајнирана и извежбана кореографија.[се бара извор] Слатки од соништаДрагана Мирковиќ ја играла главната улога во филмот „Слатки од соништата“, чија премиера била на 12 април 1994 година. Филмот бил бајка со елементи на комедија за извесната Дени, девојката која работи во Мекдоналдс и сонува да стане ѕвезда. За потребите на филмот Драгана пеела на англиски јазик. Драгана играла споредни улоги во два други австриски филмови. Рака Ѓокиќ започнал со снимање на филмот „ Слатки од соништата “, во кој главната улога ја имала Драгана Мирковиќ. Иако не била сигурна дали треба да глуми, сепак се согласила. По смртта на Рака таа не била сигурна дали снимањето требало да продолжи. Знаејќи колку Рака сакал да се снима филмот, Драгана продолжила по секоја цена, секој викенд имала настапи во дијаспората и така сама ги плаќала сите трошоци за филмот. Првото планирано име на филмот било „Фабрика за соништа“, но името во последен момент било сменето во „Слатко од соништата“. Драгана во филмот изведувала исклучиво песни на англиски јазик кои биле направени за потребите на истиот. Во филмот настапувале големи глумци како: Велимир Бата Живојиновиќ, Милорад Мандиќ Манда, Бранко Цвејиќ, Живојин Жика Миленковиќ, Горица Поповиќ, Зоран Цвијановиќ, Бранка Катиќ, Ратко Танкосиќ и други. Премиерата на филмот била придружена со огномет и кореографија на Драгана со песната „Baby don't you know“. Албуми![]()
Друго
Спотови
Соработка
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia