Драга Вражалска

Драга Станчова Вражалска (7 март 1915 во Кочани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Кон крајот на 1942 година заедно со својот сопруг, активен политички работник, по налог на Партијата се преселила во Скопје. Организацијата им доделила конспиративен стан и ги ангажирала за вршење на илегална работа. Чувала илегалци, вршела курирска работа. На 24 февруари 1944 година стапила во Кумановскиот партизански одред, а потоа била испратена на работа во болницата при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Кон средината на 1944 година била вратена на заднинска работа во Кочани. Окупаторот веднаш ја открил и ја уапсил. Поради немање докази била пуштена на слобода. Потоа се префрлила да живее илегално во Скопје. Во септември 1944 година, повторно оди на работа во заднината во Кочани ѝ работела на организирање на одбори на АФЖ.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1017–1018.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya