Древеник (планина)
Древеник или Древеничка Планина[1] — средновисока планина во областа Железник (Демирхисарско) во југозападна Македонија. Сместена е јужно од Бушева Планина и е одвоена од неа со долината на Црна Река. На запад, со реката Обедничица е одвоена од Плакенска Планина, а на југ со реката Шемница е одвоена од Облаковска Планина. Највисок врв е Кале (1.494 м) кој се издига недалеку од истоименото село Древеник, и на кој е сместено археолошко наоѓалиште — населба од доцната антика.[2] Се протега во правец северозапад-југоисток во должина од 15 км; широчината и е 5-10 км, а површината зазема 109,3 км2[3]. Административно, планината се протега низ Пелагонискиот Регион, и тоа во општините Демир Хисар, Битола, Могила и Крушево. ГеологијаПо геолошкиот состав, Древеник е сочинет од кристалести шкрилци и гранитоидни карпи. Во средишниот дел, со јасна раседна структура по долината на Чагорска Река, планината е поделена на северен повисок и јужен понизок дел. Во северниот дел се и највисоките врвови, и тоа највисокиот Кале (1.494 м), Стара Бука (1.451 м) и други.[3] Во геоморфолошки поглед, Древеник има многу засеци со поврзани долини, а поради геолошкиот состав е застапена силна ерозија и соголување во поново геолошко време. РастителностСвојствена растителност на планината е исклучително ретката и загрозена шумска заедница на ситнолисната липа и буката (ass. Tilio cordatae-Fagetum).[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia