Другата страна
„Другата страна“ — збирка раскази од македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Бегемот.[1] СодржинаКнигата содржи 33 кратки раскази:[2]
Технички податоициКнигата, со обем од 116 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-09-2. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Министерството за култура. Цртежот на предната корица е дело на авторот на книгата, графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.[3] Осврт кон делото„Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е поединечно дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Според Милан Дамјаноски, централната точка, ѕвездата околу која гравитираат сите овие мали светови и векторот на нивното поврзување е светогледот на Ѓорѓи Крстевски. Во богатиот спектар на раскази може да препознаеме хармсовски бурлескни сцени и ликови, борхесовски сложени лавиринтни пејзажи, одеци од најмрачните шуми од бајките на браќата Грим, како и грст ликови изгубени во кафкијански свет на метаморфози, бирократски шалтери и бесчувствителен свет.[4] [5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia