Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (порано: „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“), скрат. НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСК — национална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај ова, од 1960 наваму, таа е водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на Македонија.[4]. Фондот со кој располага НУБСК брои над 3 милиони единици.[5] Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка[6]. ИсторијаБиблиотеката е формирана на 23 ноември 1944 г. со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 г. како прва универзитетска библиотека во Македонија. Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150 000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени[7]. ![]() Во 1945 било решено за доставување на задолжителен примерок од македонската издаваштво, со што библиотеката станала национална депозитна библиотека на тогашната Народна Република Македонија. Покрај основната функција на национална библиотека, НУБ била дефинирана како општонаучната и универзитетска библиотека за Универзитетот “Кирил и Методиј” од Скопје, што било формално санкционирано со Законот за библиотеките во НР Македонија од 1960 година. Во 1952 година, библиотеката ја добила целата зграда на дотогашниот филозофски факултет, со што нејзините капацитети се прошириле и се отвориле нови служби: подготовка на македонската национална библиографија (1949), книговрзница за заштита на фондот (1953) и библиотечен центар/матична служба (1954). Во 1958 година, таа го добила името „Народна и универзитетска библиотека“[5], а со републичкиот Закон за библиотеките од 1960 година, таа ја добила функцијата на централна и матична библиотека на СРМ. Во земјотресот од 1963 зградата на НУБСК била целосно урната, со што тешко настрадал и нејзиниот фонд (500 000 единици). По спасувањето на фондот, библиотечните единици биле привремено преселени во Даут-пашиниот амам, а во 1964 година во наменски монтажни објекти сè до преселувањето во новата зграда која била свечено отворена на 27 декември 1971 година.[8] Во наредниот период биле созадени посебните фондови (збирки) како микрофилмската лабораторија (1966) и лабораторијата за конзервација и реставрација (1970). Во 1966 година се формирала и посебна служба за библиографски информации која подоцна, во 1976 година, прераснала во Реферален центар, каде што отпочнале првите активности за автоматизација на библиотечното работење. ЗбиркиПосебните збирки на библиотеката се одделени по тематика.[9] Тука се вбројуваат следниве збирки: Археографија, Музичка уметност, Ориентални ракописи и ретки публикации, Ликовна збирка, Картографија, Дробен печат, Разгледници, Ретка периодика, Микорофилмска збирка, Архивски примерок, Докторски дисертации и магистерски тези, Извештаи од научно-истражувачки проекти и Германската читалница. Служби![]() Во библиотеката работат голем број служби, секоја задолжена за извесен аспект од работењето на институцијата:[10]
![]()
![]()
Млад Светиклиментов универзитет„Младиот Светиклиментов универзитет“ е семинарска иницијатива на библиотеката која има за цел да го зачува духот на просветната дејност на Свети Климент Охридски во IX и X век. Во склоп на курсевите се одржува работилница за рачно производство на еколошка хартија, работилница на примена на рачно изработена хартија во печатарски, конзерваторски и сликарски цели и работилница за запознавање со основните елементи на глаголицата.[11] Директори![]() Ова се досегашните директори на библиотеката со нивните години на служба:[12]
Библиотекарски изданија
Други установи во склоп на библиотеката
ПризнанијаЗа придонесот во научниот, културниот и вкупниот општествен развој на Македонија, библиотеката има добиено разни општествени награди и признанија.[5] Најзначајни од нив се:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia