Евангелие според Марија
![]() Евангелието на Марија се смета дека датира од истиот период кога било пишувано и она на Филип. Евангелието било откриено во 1896 година. Од него, недостасуваат шест страници од почетокот и четири од средината на евангелието.[1] Оригинално било напишано на грчки, веројатно 2 век. Сочуван е во две фрагментарни верзии. Веројатно се состои од два дела кои првично биле различни документи. Во првиот дел се опишува дијалогот на вознесениот Христос и апостолите, се претставува во природата на материјата и гревот (што е космолошки, а не морален). Се објавува потвраток на се на своите корени. Марија Магдалена ги храбри учениците и им го открива тајното учење, врз основа на нејзиното видување и разговор со Исус. Визијата е поврзана со менталната визија на душата со која таа (душата) се воздига над четирите моќи (четирите природни стихии). Апостол Петар и Апостол Андреј, како претставници на главната струја на христијанството, го негираат учењето на Марија. Овој конфликт Марија – Петар (Андреј) е познат мотив на гностичките евангелија. Името „Марија“ се појавува како „главен лик“ во Евангелието, но спорно е која е всушност Марија. Сепак, општо прифатливо е дека тоа припаѓа на Марија Магдалена. Во евангелието, Марија е претставена како еден од учениците на Исус, која го видела воскресението[2] и го опишува пред останатите ученици.
За жал, понатамошната визија на Марија околу ова во Евангелието не е докажана бидејќи недостасуваат страници од истото. Марија потоа се соочува со Андреј и Петар, кои не ја поддржуваат во тоа што таа им го зборува, бидејќи таа била жена. Марија сепак била одбранета од Матеј со зборовите:
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia