Апостоли![]() Апостоли (еднина: апостол, старогрчки: ἀπόστολος = „гласник, проповедник“)[1][2] — најблиските ученици и следбеници на Исус Христос што го проповедале Евангелието.[3] Во потесна смисла, изразот „апостол“ се однесува на дванаесетте непосредни Христови ученици (Мт. 10:2–4; Лк. 6:13–15); во поширока смисла — и на 70-те најблиски соработници на неговата Црква, избрани од него (Лк. 10:1–2), наречени и „седумдесетте апостоли“.[4] Било нагласено и дека Павле бил избран за апостол по Вознесението на Исус Христос (Дела 22:11; Рим. 11:13). Дванаесетте апостолиДванаесетте апостоли се дванаесетте непосредни Христови ученици — Петар, Андреј Првоповиканиот, Јаков Зевдеев, Јован Богослов, Филип, Вартоломеј, Тома, Матеј, Јаков Алфеев, Јуда Тадеј, Симон Кананецот, Јуда Искариот (Мт. 10:2–4). Откако Јуда отпаднал, Матиј бил избран за еден од дванаесетте апостоли (Дела 1:23–26). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia