Европска лазачка
Европската лазачка (науч. Sitta europaea) е мала врапчевидна птица од семејството на лазачките, распространета низ умерена Европа и Азија. Оваа птица е најчеста и најраспространета од лазачките. Ја има и во Македонија. Опис(Гледај со висока резолуција) ![]() Европската лазачка е долга околу 14 см, со типична голема глава, кратка опашка и силни клун и нозе. Одозгора е синосива со црни линии врз очите. Азиските и северноевропските птици се бели одоздола, и костенливи кај задникот. Западноевропските подвидови се со црвеникави долни делови. Младенчињата се „исплакнати“ верзии на возрасните. ПоведениеПтицата е постојан жител на шумите и парковите, со постари дрвја за гнездење. Се храни со инсекти и семиња. Европската лазачка има способност, освен да се качува, и да се симнува по вертикалните површини. Другите видови, како клукајдрвците, карполазачките, ползачките можат да се движат само нагоре, но не и надолу. Лазачките се единствени што го можат тоа. Кога ја земаат понудената храна од луѓето, тие се многу агресивни кон другите птици и ги бркаат. Гнездото го сместуваат во дупки или пукнатини и го обложуваат со струготинки или трева. Влезот, пак, го подзатвараат со уредно изѕидан ѕид од кал. Несат 5-8 бели јајца испрскани со црвени точки. Ова е бучна птица, лесно сместена од нејзиното повторувачко туи-туи-туи огласување.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia