Европска социјалдемократска партија (ЕСДП) (романски: Partidul Social Democrat European,[5] PSDE) ― средишнолевичарска,[6]популистичка[7]социјалдемократскаполитичка партија во Молдавија.[8] Основана во 1997 година, партијата има проевропски ставови,[9] и е придружна членка на Партијата на европските социјалисти[10] (ПЕС) и полноправна членка на Социјалистичката интернационала.[11] Според својот статут, ЕСДП се залага дека Молдавија е независна, суверена и демократска држава, заснована на закони и интегрирана во обединетото семејство на европскитедемократии.[12][13] Одразувајќи ги ставовите на поранешниот водач Маријан Лупу, но и силното влијание на Молдавската православна црква, партијата е поконзервативна за општествените прашања, како што се правата на ЛГБТ.[14][15]
Партиски главен штаб во Кишинев, ул. „Букурешти“ 90.
Партијата е основана на 8 февруари 1997 година како Движење за демократска и просперитетна Молдавија (ДДПМ).[16][17][18] На 17 октомври 1998 година, на Конгресот било избрано раководството на партијата и биле усвоени статусот и политичката програма заснована на начелата на социјалдемократијата. На парламентарните избори во март 1998 година,[19][20][21] изборниот блок створен врз основа на Движењето - Блокот за демократска и просперитетна Молдавија освои над 18% од гласовите и 24 места во Собранието соодветно, што ѝ дозволи да учествува во управувањето, во рамките на Сојузот за демократија и реформи (СДР). Од 1997 година до летото 2009 година, партијата беше предводена од Думитру Дјаков, кој бил претседател на парламентот во периодот 1997-2001 година.[22] Во 1999 година, Јон Стурза, претставник на ДДПМ, бил назначен за функцијата премиер.[9]
На 15 април 2000 година, на Конгресот на Движењето за демократска и просперитетна Молдавија било променето името во Демократска партија на Молдавија. На парламентарните избори во февруари 2001 година, ДПМ освоиле 79.757 гласови (5,02%), но не успеале да го надминат изборниот праг од 6%.[19] На 25 мај 2003 година, на локалните избори, партијата освоила над 8,3% од гласовите и зазеде добра положба во земјата.
На 22 ноември 2003 година, на Конгресот биле поставени новите цели на партијата. Еден од основните документи што бил усвоен на Конгресот било новото издание на политичката програма, каде партијата декларира непроменлив карактер на своите опфати и начела. На Конгресот, ДПМ прогласила намера да стане членка на Социјалистичката интернационала и била усвоена Резолуцијата за односите меѓу ДПМ и синдикалното движење. На 8 мај 2004 година, како одговор на очекувањата на гласачите во врска со зајакнувањето на реформските и демократските сили, ДПМ, Сојузот „Наша Молдавија“ и Социјална и либерална партија (СЛП) го основале Демократскиот молдавски блок (ДМБ).[23]
По парламентарните избори одржани на 6 март 2005 година, ДПМ освоила 8 места во парламентот, како единствена партија која ги загубила изборите во 2001 година и се вратила во парламентот во 2005 година. Во октомври 2007 година, пратениците на Социјалната и Либералната партија се приклучиле на пратеничката група на ДПМ и бројот на демократите се зголемил на 11, а ДПМ во тоа време станала трета политичка сила во Собранието.[19]
По спојувањето на ДПМ со Социјалната и Либералната партија,[24] што било одржано на Конгресот на 10 февруари 2008 година, Думитру Дјаков бил повторно избран за претседател на партијата, а поранешниот водач на Социјалната и либералната партија Олег Серебријан станал заменик-претседател. Партиската химна на ДПМ стана Бетовеновата „Ода на радоста“, која го симболизира проевропскиот вектор на партијата и нејзината приврзаност кон европскиот федералистички тек. На 19 јули 2009 година, Маријан Лупу бил избран за претседател на партијата на вонредниот конгрес на ДПМ.[25]
На 5 април 2009 година на парламентарните избори, ДПМ освоила само 2,97% од гласовите и остана надвор од Собранието.[19] На изборите на 29 јули 2009 година, ДПМ освоила 13 пратенички места и за многу кратко време станала една од четирите компоненти на Сојузот за европска интеграција (СЕИ) која го добил мнозинството во Собранието на Република Молдавија.[19] Маријан Лупу, кандидатот на ДПМ, бил делегиран како кандидат на Сојуз за европска интеграција за функцијата претседател на Република Молдавија на изборите одржани на 10 ноември и 7 декември 2009 година, но не добил доволно гласови.
По предвремените парламентарни избори на 28 ноември 2010 година, ДПМ освоила 15 места во Собранието и станала една од трите компоненти на СЕИ-2.[19] На почетокот на 2013 година, по резонантниот случај „Шума на владеење (Pădurea Domnească“), сојузот се распаднал. Во мај 2013 година, ДПМ (со 15 пратеници), Либералдемократската партија на Молдавија (31 пратеник) и Либералреформистичката партија (7 пратеници) ја образувале новата владина коалиција - Проевропска коалиција.[26]
По парламентарните избори на 30 ноември 2014 година, ДПМ освоиле 15,8% и ја образувале проевропската владина коалиција, со 19 пратеници во Собранието на Република Молдавија. По изборите, ДПМ и Либерално-демократската партија (23 пратеници) ја образувале малцинската владина коалиција - Политички сојуз за европска Молдавија. Од 2009 година, Демократската партија е полноправна членка на Социјалистичката интернационала. Од 2010 до 2015 година, ДПМ била член набљудувач на Партијата на европските социјалисти, а во јуни 2015 година, ДПМ станала придружна членка на Партијата на европските социјалисти.[27]
На 14 јануари 2016 година, Павел Филип, делегиран од ДПМ и поддржан од новото собраниско мнозинство, станал нов кандидат за премиерско место.[28][29] Владата на чело со Филип била изгласана и именувана, со гласовите на 57 пратеници: 20 пратеници на ДПМ, 13 пратеници на ЛП, 14 пратеници на поранешната Комунистичка партија, 8 пратеници и 2 поранешни пратеници на Либералдемократската партија.[30]
Осмиот Конгрес бil свикан по донесените одлуки на состанокот на Политичкиот совет на ДПМ одржан на 10 декември 2016 година кога водачот на партијата, г-дин Маријан Лупу, ја објавил својата оставка од претседателската функција на ДПМ.[31] Главната задача на VIII конгрес бил избор на ново раководство, усвојување на нови промени во статутот на партијата и рационализирање на новите цели за осовременување на партијата.[32] За претседател на ДПМ бил избран Влад Плахотнјук и на конгресот добил едногласни гласови за поддршка на делегатите. Плахотниуч рекол дека ќе се насочи на осовременување на политичката партија, да стане партија која ги промовира интересите на граѓаните, а не геополитичките.[33] Делегатите на конгресот го избрале Филип за прв заменик-претседател на ДПМ, ја изгласале списоко на новиот Национален политички совет и го усвоиле новото издание на Статутот на партијата. Според организаторите, на конгресот учествувале околу 1.000 делегати од сите области на државата и гости од странство.
На 10 март 2017 година, 14-те поранешни комунистички пратеници кои ја образувале Социјалдемократската платформа за Молдавија (СДПМ)[34] се приклучиле на парламентарната фракција на ДПМ.[35][36] Водачот на Демократската фракција, Маријан Лупу, на краткот обраќање со новинарите рекол дека одлуката на 14-те пратеници „е чекор што ќе доведе до зајакнување на парламентарното мнозинство“, со што ДПМ станала најголемата политичка групација во Собранието.[37]
На парламентарните избори во 2019 година, ДПМ добила 23,6 отсто од гласовите, добивајќи 30 места во Собранието, што ја направило втората по големина партија во Молдавија. Партијата преминала во опозиција на новиот кабинет на Санду (создаден од Партијата на социјалистите на Република Молдавија (ПСРМ), Партијата за акција и солидарност (ПАС) и Партијата на платформата за достоинство и вистина). Во ноември 2019 година, Санду била сменета од Собранието на Молдавија преку предлог за недоверба и ДПМ и ПСРМ создале нова коалициска влада. Петнаесет пратеници на ДПМ одбиле да се приклучат на ПСРМ во новата влада и се разделиле, формирајќи ја партијата Про Молдавија, која преминала во опозиција.[38]
Демократската партија на Молдавија започнала постапка на реконструкција во есента 2021 година, при што Моника Бабук била избрана за привремен претседател на ДПМ. Во 2022 година, Демократската партија на Молдавија и Социјалдемократската партија на Романија започнале стратешко партнерство. На 25 август, седиштето на молдавскиот огранок на ПСД било отворено во рамките на штабот на ДПМ, кој го предводел Јурие Чокан.[39][40] На 7 октомври, било организирано првото издание на Форумот на месни избраници на ДПМ и ПСД (Романија), на кој присуствувале над 150 градоначалници, месни, окружни и обласни советници од Романија и Молдавија, под мотото „Обединети од инфраструктурата“.[41] На X конгрес на ДПМ (на кој присуствувале и водачите на ПСД како Марсел Чиолаку, Виктор Негреску и Василе Динчу),[42] било изгласано за промена на името во Европска социјалдемократска партија (романски: Partidul Social Democrat European, PSDE). За претседател на партијата бил избран Јон Сула, а за прв потпретседател Мирчеа Буга.[43] Новото лого на партијата, кое било претставено, било слично на она на ПСД, составено од три рози на цврста, ограничена позадина.
Идеологија
Доктрината на ПСДЕ се заснова на начелата на социјалдемократијата. Таа ги има следните основни вредности: „Еднаквост, за сите поединци да можат да го остварат својот потенцијал под чесни услови; солидарност, така што сите луѓе имаат сè што им е потребно за пристоен животен стандард; и слобода, за секој поединец да може да го изгради својот/ нејзиниот сопствен личен животен проект“.[9] Полскиот институт за меѓународни односи изјавил дека за време на олигархот Владимир Плахотниуч партијата во пракса била слична на центристичка партија на моќ.[44]
Во рамките на идентитетската полемика, партијата е со нејасен став. Маријан Лупу (тогашен претседател на партијата) во 2014 година рекол дека партијата е центристичка, карактеризирана со современ, проевропски молдавенизам.[45] Од друга страна, во партијата има луѓе кои се сметаат себеси за Романци, а некои дури и го поддржуваат спојувањето со Романија.[46] Сепак, има и советски носталгичари, кои ги сметаат Романците како „фашисти“.[47]
Цели
Партијата ја изразува својата желба да ги постигне следните цели:[48]
Консолидација на уставниот поредок во државата, гарантирајќи почитување на политичките, економските и социјалните човекови права во согласност со Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и други меѓународни правни инструменти.
Градење и потврда во Република Молдавија на граѓанска нација според принципот "сите ние сме Молдавци како граѓани на Република Молдавија", притоа почитувајќи го правото на секој граѓанин на етничка самоидентификација.
Завршување на процесот на територијална реинтеграција на Република Молдавија преку политички одлуки, на мирен начин.
Доделување на социјално активна улога на државата, која преку силни институции треба да стане балансирачка сила во општеството. Државата е онаа која треба да се грижи за обезбедување на јавна благосостојба, да ги извршува задачите од заеднички интерес, да ја промовира правдата и солидарноста во општеството. Атрибутите на силните јавни институции се добро управување, право и транспарентност
Реформација и модернизација на локалната и централната јавна администрација, чија активност треба да биде усогласена со интересите на земјата и ориентирана кон служење на граѓаните.
Спроведување во Република Молдавија на концептот на моќна социјална држава која има клучна улога во заштитата од социјалните ризици, во обезбедувањето економска и социјална благосостојба на своите граѓани, фокусирањето на образованието, истражувањето, иновациите, културата и придржувањето кон националните вредности.
Спроведување на правото на граѓаните на работа и на правото на градење сопствена иднина во економската и социјалната безбедност. Во таа врска, ДПМ смета дека државата е должна да инвестира во граѓанинот и да обезбеди добро платени работни места и континуирана професионална обука на граѓаните.
Воспоставување фер систем на прераспределба на државните приходи чија цел е обезбедување на пристојни услови за живот на луѓето кои не можат да работат (деца, постари лица, инвалиди итн.) Неопходно е да се развиваат и користат ресурсите на општеството за да се обезбедат еднакви права, да им се даде шанса на сите да создадат сопствена судбина, да ја намалат економската нееднаквост, да се борат против сиромаштијата и да обезбедат социјална правда.
Развој на оптималниот сет на програми за социјална заштита на ранливите општествени групи, обрнувајќи големо внимание на развојот и промовирањето на политиките за социјално вклучување и вработување на инвалиди.
Воспоставување ефикасен здравствен и образовен систем, до кој секој граѓанин треба да има пристап, без оглед на расположливите финансиски средства.
Разновисност и развој на современи програми за обука и посвојување на млади луѓе во согласност со политиките засновани на концептот на активно старост.
Гарантирање на правото на приватна сопственост и обезбедување на слободна и фер конкуренција како основа на пазарната економија, човечкото достоинство и безбедноста. Приватната сопственост е економски израз на слободна иницијатива на граѓанинот и клучен фактор за севкупниот економски напредок, поединечната и колективната благосостојба.
Консолидација на репрезентативната демократија за позајмување на поголем кредибилитет на институциите и обезбедување на правото на граѓаните на слободно изразување и учество во процесите на донесување одлуки.
Почитување на човековите права и основните слободи, правото на културен, лингвистички, верски и етнички идентитет на граѓаните на Република Молдавија. Ние се обидуваме да се борат и осудуваат секаков вид на екстремизам, манифестации на расизам, шовинизам, етнички или територијален сепаратизам.
Обезбедување еднакви можности помеѓу мажите и жените, признавање на улогата на жените во семејството и молдавското општество, поддршка и унапредување на родовата еднаквост во одлучувачките структури на партијата и државата.
Развој на рамномерен даночен систем чија цел е гарантирање на безбедноста и помагање во намалувањето на социјалните тензии, како и олеснување на економскиот развој.
Примена на економските политики чија цел е одржлив и рамноправен економски раст низ целата земја врз основа на иновациите, продуктивноста и конкурентноста, создавајќи услови за создавање приходи во буџетите од сите нивоа доволни за да се обезбеди спроведувањето на социјалните политики, како и благосостојбата на населението.
Развој на конкурентна мешана економија, чија цел е комбинирање на динамичен приватен систем, ефективен јавен сектор и систем на квалитетни услуги достапни за граѓаните. Комбинација од напори на овие сектори, вклучувајќи го и со примена на концептот на приватно јавно партнерство.
Спроведување на начелото на одржлив развој чија цел е исполнување на сегашните потреби. Зачувување на животната средина која е загрозена од човечки активности, ризици од климатски промени и губење на биоразновидноста. Државата мора да одговори на сегашните потреби на општеството на начин кој не влијае негативно на иднината на новите генерации.
Зајакнување на уставниот статус на постојаната неутралност.
Промовирање на избалансирана надворешна политика чија цел е обезбедување на имиџот и интересите на Република Молдавија во регионален и глобален контекст, преку интегрирање на Република Молдавија во Европската Унија и развивање на соработката со земјите од ОНД.
Меѓународно членство
ЕСДП е полноправна членка на Социјалистичката интернационала од 1 јули 2008 година и соработува со Партијата на европските социјалисти и со партии со слична ориентација од други земји. ЕСДП е исто така членка на Прогресивниот сојуз.[49]
Социјалната и либералната партија се споиле со Демократската партија на Молдавија, продолжувајќи под името Демократската партија на Молдавија;
зајакнувањето на политичкиот центар од Република Молдавија во контекст на подготовките за парламентарните избори во 2009 година;[55]
новото раководство на партијата било избрано: Думитру Дјаков бил избран за претседател на обединетата партија, Олег Серебраријан — за зам. претседател на ДПМ, Оазу Нантои, Валентина Булига, Игор Клипии, Валентина Стратан шуи Думитру Иванов са избрани за зам. претседатели на ДПМ, Олег Цулеа, водач на Младинската организација на Демократичката партија, бил назначен за генерален секретар на партијата;
Вонредниот шести конгрес на партијата
19 јули 2009
имало промени во Статутот на партијата;
Мариjан Лупу бил избран за претседател;
Думитру Дјаков бил избран за почесен претседател на партијата;
Олег Серебрајан ја задржал својата положба како првиот заменик-претседател;
Валериу Лазар (поранешен министер за економија и трговија) бил избран за генерален секретар;
за заменик-претседатели, биле назначени за Игор Корман, Олег Цулеа, Оазу Нантои, Валентина Стратан, Игор Клипии шу Валентина Булига;
Членови на партијата на комунистите на Република Молдавија и СДП (од окружните организации на СДП: Глодени, Белц, Анемии Ној) се придружиле на партијата;
Водачот на општествено-политичкото движење „Нова сила“, Валериу Плешка, објави дека Движењето ќе ја поддржи ДПМ на изборите на 29 април 2009 година,[56] но понатаму ќе се приклучел на ДПМ.
Седмиот конгрес на партијата
16 јуни 2012
имало усвоени мерки за осовременување на ДПМ во постојниот политички контекст и избор на новите управни тела на партијата;
Маријан Лупу бил избран за претседател;
Владимир Плахотнјук бил избран за прв заменик-претседател;
бил избран Националниот политички совет на партијата, Националната комисија за цензори и Комисијата за етика и арбитража;
биле одобрени новите законски документи на ДПМ, вклучувајќи го Статутот и Политичката доктрина.
Осмиот конгрес на партијата
24 декември 2016
водачот на партијата, Маријан Лупу, ја објавил својата оставка како претседател на ДПМ;
Влад Плахотнјук бил избран за претседател на ДПМ;
Павел Филип бил избран за прв заменик-претседател;[57]
бил изгласан списокот на новиот Политички национален совет;
била усвоена нова верзија на Статутот на партијата.[58]
Деветтиот конгрес на партијата
7 септември 2019
Павел Филип бил избран за положбата претседател на ДПМ;[59][60]
Александру Жиздан бил избран за генерален секретар на ДПМ;[61][62]
усвоена е политичката Декларација и Резолуцијата на Конгресот;
бил изгласан нов список на Националниот политички совет;
Било изгласано за промена на името на партијата во Европската социјалдемократска партија (ЕСДП);
Било договорено да започне стратешко партнерство помеѓу ЕСДП и Романската социјалдемократска партија[42]
Јон Сула бил избран за претседател;
Мирчеа Буга бил избран за прв заменик-претседател;
Ермеј Присеајнјук и Вадим Бринзанјук биле избрани за потпретседатели.
Думитру Дијаков бил отстранет од позицијата почесен претседател;[64][65]
Организација
Логото на ДПМ е составено од три рози кои растат од стебло, крунисано со полукруг.[66]
Националниот политички совет на ДПМ е раководно тело на партијата во периодот помеѓу два конгреси. Седницата на Националниот политички совет се свикува најмалку двапати годишно од страна на претседателот на ДПМ или на барање на најмалку 1/3 од членовите на Националниот политички совет. Националниот политички совет на ДПМ го избира Конгресот со мандат од четири години,[67] бројчаниот состав е одредуван со одлуката на Конгресот на ДПМ. Политичкиот совет е претставник на членовите на сите области на земјата, со што се обезбедува вреднување и почитување на моќта за одлучување на членовите на ДПМ.
Извршниот одбор на ДПМ е извршното тело за одлучување на ДПМ, кое ја координира активноста на последниот во периодот помеѓу состаноците на Националниот политички совет. Извршниот одбор се избира со мандат од четири и составен од 31 член. Постојаното биро е орган кој врши оперативна анализа и синтеза на активноста на партијата во периодот помеѓу состаноците на Националниот политички совет и Извршниот одбор и се свикува неделно или по потреба, на барање на претседателот на ДПМ. Постојаното биро на ДПМ ги собира претседателот, првиот заменик-претседател, почесниот претседател, заменик-претседателите и генералниот секретар на ДПМ. Ова раководство има мандат од членовите на партијата да ги анализира и одлучува за секојдневните политички активности на ДПМ.[68]
ДПМ вклучува Организација на жени, Демократска младина, Организација на стари лица „Богатство на нацијата“ и месни избрани функционери. Организацијата на жените е најмоќната, најактивна и најрепрезентативна партиска организација на жените во Молдавија.[69] Од јули 2018 година, членството на партијата беше ок. 54.200.[70]
Водство
Претседател – Јон Сула
Прв потпретседател – Мирчеа Буга
Потпретседатели – Еремеј Присеајнук и Вадим Бринзанјучк
Во 2005 година, ДПМ учествувала на изборите со Сојузот „Наша Молдавија“. ДПМ во 2018 година ја образувала најголемата парламентарна фракција во Собранието со 42 пратенички мандати.[71][72]