Политичка партија![]()
Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат своите цели. Политиката на партијата често претставува агрегација на интересите во рамките на партијата, кои неизбежно варираат дури и помеѓу членовите на иста партија. При одредени изборни ситуации, потипични при пропорционални отколку при мнозински избори, владата може да биде формирана од повеќе партии, при што таквата влада се вика коалициона влада. Партиски системиПартиските системи можат да бидат еднопартиски, двопартиски и повеќепартиски.
Политичките партии во светотБројот на политичките партии се разликува од земја до земја. така, во 2016 година, во Бугарија имало 137 партии, во Босна и Херцеговина имало 130 партии, а во Хрватска 122 партии. Во Србија биле регистрирани 90 партии, во Шведска имало 75 партии, во [[Македонија 58, во Црна Гора 45, а во Словенија имало 30 партии. Како земји со помал број партии се издвојуваче: Албанија (13), Косово (18) и Велика Британија, со 12 партии.[1] Поврзано
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia