Евхаристија![]() Светата Евхаристија (грчки: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία), причесна[1][2] или причест[3][4] — во христијанската црква се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната црква ја сметале за најважен и основен дел на црковнотото собрание, затоа што таа давала значење и смисла на сите богослужби. Во потесна смисла, во црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата. Поголемиот број од христијанските деноминации веруваат дека Христовото тело и крв реално присуствуваат во причествувањето. Некои протестантски цркви ова го толкуваат само како симболика. СимболикаЕвхаристијата во црквата се разбира како вистинското тело и крв на Исус Христос. Според традицијата, тоа било создадено уште во времето на Тајната вечера (Матеј 26:26-28), (Лука 22:19), каде пишува:
Според Библијата, оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите христијани ја вршеле редовно. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia