Единици за пренос на податоциВо телекомуникациите, битовата стапка (bitrate) или проточноста на преносот на податоците претставува просечен број на битови, знаци или блокови по единица време кој проаѓа од една до друга направа по пат на систем за пренос на податоци. Ова најчесто се мери со содржатели на единиците бит во секунда или бајт во секунда.
ПојаснувањеЗа да се биде што е можно појасен, мора да се знаат и претставката и наставката на единицата. На пример, кратенката „2 mb“ може да се разложи на 4 различни начини („мега-“ наспроти „меби-“ и „-бит“ наспроти „-бајт“). Разликата во односните броеви може да биде огромна:
Табелата погоре прикажува приближно 5% разлика помеѓу соодветните мега- и меби- единици со 700% разлика помеѓу -бит и -бајт единиците. Точната употреба на единиците е од голема важност бидејќи различните толкувања можат да доведат до 740% разлика во количината на податоци што се зема во една единица (разликата може да стане и поголема за единици со различна претставка). Претставка: к наспроти Ки'к-' означува кило, што изнесува 1.000, додека пак 'Ки-' означува „килобинарно“, што изнесува 1.024. Стандардизираните бинарни претставки како Ки- се релативно скоро воведени и сè уште не се нашироко прифатени. 'К-' честопати се користи со значење 1.024, особено кај 'КБ' (килобајт). Наставка: б наспроти Б'б' значи 'бит', а 'Б' значи 'бајт'. Меѓутоа некои велат дека 'бит' не треба да крати бидејќи тој е веќе кратенка од „бинарен број“, а разликата помеѓу битот и бајтот може да доведе во забуна. Во контекст на единици за проточност, еден бат се однесува на 8 бита. На пример, кога се рекламира линија од „1 Мб/с“, обично значи дека максималната достижна брзина на преземање е 1 мегабит/с (милион бита во секунда), што е всушност 0,125 МБ/с (мегабајт во секунда), или околу 0,1192 МиБ/с (мебибајт во секунда). Децимални содржатели на битотКилобит во секундаКилобит во секунда (кбит/с или kbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мегабит во секундаМегабит во секунда (Мбит/с или Mbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гигабит во секундаГигабит во секунда (Гбит/с или Gbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Терабит во секундаТерабит во секунда (Тбит/с или Tbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Бинарни содржатели на битот![]() Кибибит во секундаКибибит во секунда (Кибит/с или Kib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на 1,024 бита во секунда. Зборот „кибибит“ не се пишува со големи букви, туку само кратенката „Кибит“. Мебибит во секундаМебибит во секунда (Мибит/с или Mib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гибибит во секундаГибибит во секунда (Гибит/с или Gib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Тебибит во секундаТебибит во секунда (Тибит/с или Tib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Децимални содржатели на бајтотКилобајт во секундаКилобајт во секунда (кБ/с или kBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мегабајт во секундаМегабајт во секунда (МБ/с или MBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гигабајт во секундаГигабајт во секунда (ГБ/с или GBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Терабајт во секундаТерабајт во секунда (ТБ/с или TBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Бинарни содржатели на бајтот![]() Кибибајт во секундаКибибајт во секунда (КиБ/с или KiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мебибајт во секундаМебибајт во секунда (МиБ/с или MiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гибибајт во секундаГибибајт во секунда (ГиБ/с или GiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Тебибајт во секундаТебибајт во секунда (ТиБ/с или TiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Формули за претворање
Примери
ПоврзаноНаводи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia