Едноотворни
Едноотворни (науч. Monotremata) — цицачи чии млади се раѓаат од јајце со мека лушпа. Тие се изведуваат по неколку денови и цицаат сè додека во целост не се развијат. Општи одликиКако и другите цицачи, едноотворните имаат брз метаболизам, телото им е прекриено со влакна и младите ги хранат со млеко. Едноотворните одржуваат постојана температура на телото без оглед на околината во која се наоѓаат, иако до неодамна се сметаше дека не е така. ФизиологијаКлучна физиолошка разлика меѓу едноотворните и другите цицачи е што тие (Monotreme значи еден отвор - на грчки) имаат клоака (еден отвор за репродукција, уринирање и дефекација), како што е случај кај влекачите. Другите цицачи имаат посебни отвори: вагина, уретра и анус. Монотремите носат јајца кои женката ги снабдува со хранливи состојки. РаспространетостЕдинствените живи едноотворни живеат во Австралија, Нова Гвинеја и Тасманија[1], иако постојат фосилни докази дека некогаш биле многу пораспространети.
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia