Езотерично христијанство![]() Езотерично христијанство (старогрчки: ἐσωτερικός = „внатрешен, таен, скриен“) — поим што се одликува себеси со некои окултни учења што тврдат дека имаат „скриено“, „вистинито“ разбирање на христијанството, достапно, според нивното мислење, само за тесен круг на „просветлени“, „посветени“ и високообразовани луѓе.[1][2] Самите следбеници на езотеричното христијанство го сметаат христијанството како религија исполнета со големи таинства, и отворено го потврдуваат постоењето и поседувањето на одредени езотерични доктрини и практики што го даваат клучот за нив.[3][4] Езотеричното христијанство е тесно поврзано со гностицизмот и опстојува во неколку современи цркви.[5] ИсторијаНекои современи научници претполагаат дека во раните етапи на протоортодоксното христијанство, основниот склоп на усни учења бил наследен и од палестинскиот и од хеленистичкиот јудаизам. До IV век, се верувало дека овие учења ја образуваат основата на тајното усно предавање познато како disciplina arcani.[6] Меѓутоа, основните богослови тврдат дека оваа традиција првенствено содржела литургиски подробности и одредени други практики, од кои некои опстојуваат во различни гранки на основното христијанство.[7][5][8] Значајни влијанија врз езотеричното христијанство вклучуваат богословите Климент Александриски и Ориген, истакнати личности на Александриската катехетичка школа.[9] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia