ЕзотеријаЕзотерија доаѓа од грчкото ἐσωτερικός (esôterikos), и се однесува на „внатрешното“, мистичното. Езотеријата како знаење е достапна само на тесен круг на „просветлени“, „иницирани“ или посебно обучени луѓе.[1] Како спротивен поим се смета „егзотеријата“ која пак е знаење добро познато и достапно на јавноста. Во денешно време, терминот „езотерија“ не се користи само за мистично знаење или практика, туку и за било кое знаење кое е тешко да се објасни, да се сфати или да се запомни. Потекло на терминотПлатон во неговите дијалози (околу 390 г. п.н.е.) го користи изразот ta esô со значење „внатрешното“, а изразот ta eksô со значење „надворешното“. Најверојатно првата употреба на зборот esôterikos е во текстови на Луциан од Самосата, пишувани околу 166 г. од нашата ера.[2] Поимот езотерија во англиски текстови за првпат се појавува во 1701 година, во Историја на филозофијата од Томас Стенли, во неговиот опис на школата на тајни на Питагора. „Езотерија“ е знаење кое се чува во тајност, не толку поради намерата за тајност, колку поради природата на самото знаење. На пример, тоа знаење е достапно само на оние кои имаат соодветно интелектуално предзнаење. ИсторијаЕзотеријата не подразбира едно конкретно знаење, туку се однесува на широк спектар на знаења и движења кои често меѓу себе не се поврзани. Римското Царство има неколку мистични религии за кои е потребна иницијација. Некои го гледаат христијанството како езотерија, поради ритуалот на крштевање, на пример. Терминот гностицизам се однесува на религиозни движења кои тврдат дека имаат тајни знаења (гноси). Друго важно движење од Стариот Свет е херметизмот. Муслиманските Исмаили прават разлика меѓу внатрешното и надворешното. Веруваат дека спасот за душата се постигнува преку добивање 'Нур' (светлина) преку езотерија, односно преку духовна потрага по просветлување. Иако повеќето езотерични учења имаат своја историја стара повеќе илјади години, сепак низ историјата имињата се менувале. Така, за време на ренесансата, се користи изразот неоплатонизам. Во 17 век во Европа, се користи изразот розекрајцеризам, што подоцна се претвора во разни варијанти на масонерија. Во 19 век во Франција зема замав теозофијата на Мадам Блаватска. Потоа се појавуваат разни видови на езотерични организации кои преминуваат во метафизички организации, и њу ејџ групи. Антропозофија, на пример, е синтеза на западната езотерија и теозофијата, чиј основач е Рудолф Штајнер на почетокот на XX век.[3] Друг вид на езотерично учење, пак, произлегува од учењето на Успенски. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia