Екхарт Толе
Екхарт Толе (германски: Eckhart Tolle; р. 16 февруари 1948) — духовен учител и автор на неколку бестселери. Германец по потекло, тој е во моментов жител на Канада. Автор е на книгите „Моќта на сегашниот момент“ (The Power of Now) и „Нова земја“ (A New Earth), напишани на англиски јазик. Во 2011 година е прогласен за највлијателниот духовен учител во светот.[1] Во 2008 година, новинар од „Њујорк Тајмс“ го нарекол Екхарт Толе „најпопуларниот автор за духовниот живот во САД.[2] ЖивотописРоден како Улрих Толе, во Линен, Германија, во 1948 година,[2][3][4] Толе го опишал своето детство како несреќно, посебно раното детство поминато во Германија, кога неговите родители се развеле.[5] На 13 годишна возраст, се преселил во Шпанија за да живее со татко му.[6] Татко му не го терал да посетува средно училиште, па така Толе учел литература, астрономија и јазици од дома.[3][6] На 19 години, се преселил во Англија и наредните три години предавал германски и шпански во училиште за странски јазици во Лондон.[7] Вознемируван од депресија, грижи и стравови, ја почнал потрагата по „одговорите’ за животот.[6] На околу 22 години решил да студира филозофија, психологија и литература, па се запишал на Универзитетот во Лондон.[6] По дипломирањето со највисока оценка во класот[6] му била понудена стипендија за да продолжи со истражувања на универзитетот Кембриџ, каде е примен во 1977 година.[3][8] Внатрешна преобразбаЕдна ноќ во 1977 година, на свои 29 години, после долг период на самоубиствена депресија, Толе изјавил дека доживеал „внатрешна преобразба“.[8] Таа ноќ се разбудил од спиење, и за тоа што го доживеал се изјаснил вака:
Толе се сеќава дека тоа утро отишол на прошетка низ Лондон, и сфатил колку е сè „волшебно и во длабок мир“. Дури и сообраќајот.[6] Чувството продолжило и наредниот ден, и тој почнал да чувствува мир во секоја ситуација.[9] Во периодот од две години после овој настан, поминал многу време седејќи во длабок мир на клупа во парк во Централен Лондон, „гледајќи го светот кој се движи“. Едно време живеел со своите пријатели во будистички манастир. Го сменил името од Улрих во Екхарт, според германскиот филозоф и мистик Мајстор Екхарт.[3][4][10][11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia