Елдин Вражалица
Елдин Варажалица (роден на 7 август 1990 година во Прибој, Република Србија) — српски ракометар. ОбразованиеСвоето основно образование го завршил во ОУ. „Бранко Радичевиќ“, во Прибој ,Србија, а средно образование завршил во Машинско-електотехничка школа во Прибој со титула компјутерски електотехничар. Во моментов студира на Универзитетот „Константин Велики“, во Белград - Менаџер за безбедност. Спортска кариераСвојата спортска кариера Елдин Вражалица ја започнал на 12 години. Првично, тој тренирал фудбал и кошарка, но на 12- годишна возраст започнал да се занимава со ракомет. Прв клуб во кој ги направил своите први ракометни чекори бил клубот РК Прибој од Прибој, Србија. Професионалната ракометна кариера му започнала на 18 години, во сезоната 2008-2009 во клубот РК Прибој. Поважни клупски настапиВо Европа има настапувано во:
Во македонското првенство во ракомет, со клубот на Охрид, РК Охрид 2013, играл полуфинале во купот на Македонија во ракомет.[3] На 14 мај 2016 екипата на РК Охрид 2013 се сретнала со екипата на РК Вардар од Скопје во полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет. На истиот, градот Охрид бил домаќин. Останатата двојка полуфиналисти биле екипите на РК Металург од Скопје и РК Вардар Јуниор од Скопје.[4]
Статистички податоциСо 45 погодоци во сезоната 2015/2016 во својот клуб РК Охрид 2013 , Елдин Вражалица бил втор на списокот на стрелците.[6] Од страна на ракометните тренери на Премиер Лигата на Грција во ракомет , по нивна рационална проценка, на 17 февруари 2017 година, бил избран тимот на најдобрите седумна на петнаесеттото коло на лигата во сезоната 2016/ 2017. На позицијата пивот бил избран Елдин Вражалица од РК Филипос како најдобар на таа позиција во топ- тимот на лигата. Еве кои членови го сочинувале најдобриот тим на колото : голман: Костас Костадинис (Диомедес), Пивот: Елдин Вражалица (Верија Филип) плејмејкер: Фотис Мисаилидис (Диомидис Аргос), лево крило: Пантелис Костакидис (IEK XINIS), лев бек: Панајотис Николаидис (АЕК), десно крило: Garyfallos Bayonne (AСE Дукас), десен бек : Алексис Албански (IEK XINIS).[8] ГалеријаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia