Електрична спроводливостЕлектроспроводливост (специфична електрична спроводливост) е мерата во која еден материјал може да спроведува електрична струја. При поставување на електричен потенцијал низ еден проводник, подвижните полнења течат, создавајќи електрична струја. Спроводливоста σ соодносот помеѓу густината на струјата и силата на електричното поле :
Постојат и материјали каде спроводливоста е анизотропски, каде σ е 3×3 матрица, која е генерално симетрична. Спроводливоста е реципрочна (обратна) на електричната отпорност и ја има SI единицата сименс на метар (S·m−1) т.е. ако електричното спроведување помеѓу две спротивни страни на 1-метарска коцка материјал е 1 сименс, тогаш елетричната спроводливост на тој материјал е 1 сименс на метар. Електроспроводливоста се изразува преку грчката буква σ, но повремено се користат и κ или γ. Класификација на материјалите по спроводливост
Некои типични електрични спроводливости
Комплексна спроводливостЗа анализирање на спроводливоста на материјали изложени на променливи електрични полиња, потребно е спроводливоста да се третира како комплексен број (или матрица комплексни броеви, во случај на горенаведените анизотропски материјали) наречена адмитивност. Оваа метода наоѓа примена кај електричната импедантна томографија, вид индустриска и медицинска визуелизација. Адмитивноста е збир од реалната компонента нарелена спроводливост и имагинарна компонента наречена сусцептантност. [1] Архивирано на 13 октомври 2010 г. Зависност од температураЕлектроспроводливоста е во голема мера зависна од температурата. Кај металите електроспроводливоста се намалува со зголемување на температурата, додека кај полуспроводниците зголемувањето на температурата знаи зголемена спроводливост. Низ извесен температурен дијапазон, електроспроводливоста може да се воопшти како правопропорционална на температурата. За споредување на мерењата на спроводливост при разни температури, тие треба да се стандардизираат (сведат) на заедничка температура. Оваа зависност често се изразува со нагиб на една графа на температура-спроводливост, и може да се користи: каде
Нагибот на температурна компензација на највеќето води во природна состојба е околу 2 %/°C, но може да варира помеѓу (1 to 3) %/°C. На овој нагиб влијае и геохемијата, и може лесно да се одреди во лабораторија. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia