Сребро (симб. Ag, од лат.argentum) — хемиски елемент од редот на благородни метали, во природата се јавува во елементарна состојба како и во своите соединенија. Среброто е најдобар спроводник на топлина и електрицитет од сите елементи.
Опис и својства
Среброто е меко, растегливо и лесно се обработува, што овозможува негово обликување и извлекување во фолија или жица. Денес најчесто се користи во изработка на накит. Среброто има и неколку свои минерали како што се: аргентит (Ag2S), бромаргентит (AgBr) или караргентит (AgCl); кој главно се добива како спореден производ при преработката на руди од други метали. Среброто оксидира на воздух и потемнува.
Употреба
Со оглед на неговите специфични хемиски и физички својства и неговите легури, тоа наоѓа бројна примена во електронската индустрија.
Среброто како мотив во уметноста и во популарната култура