ЕлектронволтЕлектронволт (симбол: eV или еВ) — единица за енергија во физиката. По дефиниција, ова е еднакво на количеството на кинетичка енергија со која ја се здобива еден неврзан електрон кога се забрзува преку електричен напон од еден волт. Така ова е 1 волт (1 џул по кулон) помножен со полнежот на електронот (1 e, или (1,60217653 ± (14))⋅10-19 C). Така еден електронволт е еднаков на (1,60217653 ± (14))⋅10-19 J.[1] Електронволтот не е SI-единица и неговата вредност се добива по експериментален пат.[2] Ова е често употребувана единица за енергија во физиката, и наоѓа широка примена во физиката на тврдото тело, атомската и јадрената физика, како и честичната физика. Обично се користи со SI-претставките мили-, кило-, мега-, гига-, тера- или пета- (meV, keV, MeV, GeV, TeV и PeV). Во хемијата, честопати е корисно да се има моларен еквивалент, т.е. кинетичката енергија што би ја добил еден мол електрони минувајќи низ потенцијална разлика од еден волт. Ова е еднакво на 96,48538 ± (2) kJ/mol. Во електроволти се изразуваат и атомските својства како енергијата на јонизација. Како единица за енергијаСтапки на претворање:
За споредба:
Како единица за масаСо еднаквоста на масата и енергијата, електронволтот е исто така и единица за маса. Таа често се среќава во честичната физика, каде масата и енергијата честопати се заменуваат, за употреба на eV/c2, каде c е брзината на светлината во вакуум (од E =mc2). Уште почесто се користи систем на природни единици и просто се употребува eV, со c зададено на 1 како единица за маса. На пример, кога електрон и позитрон имаат маса од по 0,511 MeV/c2 секој, тие можат да се анихилираат (поништат) за да оддадат 1,022 MeV енергија. Протонот има маса од 0,938 GeV/c2, што значи дека гигаелектронволтот е многу згодна единица за маса во честичната физика.
Единицата за атомска маса, 1 грам поделен со Авогадровиот број ја дава приближно масата на водороден атом, што е главо масата на протонот. За претворање на мегаелектронволти се користи формулата:
Однос со единиците за време и растојаниеВо честичната физика нашироко се користи систем од единици каде брзината на светлината во вакуум изразена со c, и смалената Планкова константа изразена со ħ, се бездимензионални и еднакви на обединување: c = ħ = 1. Кај овие единици, растојанијата и времето се изразува преку обратни единици за енергија (истовремено енергијата и амсата се изразуваат со истите единици, видете Еднаквост на масата и енергијата). In particular, particle должините на распрснување честопати се претставуваат со единици за обратни маси на честичките. Вон овој систем на единици, стапките на претворање помеѓу електроволтот, секундата, и нанометарот се следниве:[4]
Горенаведените релации исто така ни овозможуваат да го изразиме средниот животен век τ на нестабилна честичка (во секунди) по пат на ширината на распад Γ (во eV) преку Γ = ħ/τ. На пример, B0 мезонот има среден животен век од 1,542(16) пикосекунди, или ширина на распад од (4,269 ± 44)⋅10-4 eV, и неговата средна должина на распад изнесува cτ = 462 µm. Како единица за температураВо извесни полиња на физиката, како изучувањето на плазмата, електроволтот се употребува како најзгодна единица за температура. Претворањето во келвини (симбол: големо K) се определува со kB, наречено Болцманова константа: На приемер, типичната плазма при соединување со магнетно врзување има топлина од 15 keV, или 170 мегакелвини. Својства на фотоните![]() Енергијата E, честотата ν, и брановата должина λ на еден фотон се поврзани со соодносот каде h е Планковата константа и c е брзината на светлината. За побрза пресметка, ова се сведува на Поток од фотони со бранова должина од 532 nm (зелено светло) би имал енергија од приближно 2.33 eV. Така, 1 eV соодветствува на поток инфрацрвени фотони со бранова должина од 1240 nm, итн. 1 eV = 8065.5447 cm−1 ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia