Електронски париЕлектронски пари (англиски: e-money, e-cash) или дигитални пари (англиски: digital cash) претставуваат синоним за разнородна група електронски средства кои ги извршуваат традиционалните функции на парите, т.е. служат како средство за плаќање и како средство за чување на вредноста. Електронските пари ги вклучуваат: парите кои се наоѓаат на сметките во интернет-банките или на сметките поврзани со интернет-банкарството (сметките од кои може да се плаќа преку интернет), кредитните картички, паметните картички, картичките со претплата итн. Електронските пари постојат само во електронска форма, на пример, зачувани на магнетна лента, како електронски запис во дискот на компјутерот или во чипот на картичката.[1] Дефиниции на електронските париВо литературата и во националните и меѓународни законодавства може да се сретнат различни дефиниции на електронските пари. На пример, според една дефиниција, електронски пари претставуваат каков било електронски медиум – материјал, уред или систем со кој плаќањето се извршува со помош на пренос на електромагнетно складирани информации.[2] Вака поставената дефиниција за електронските пари подразбира дека и кредитните картички се своевиден облик на електронски пари. Со ваквото плаќање се исклучува анонимноста, во плаќањето нужно мора да се вклучат сметката на купувачот и сметката на трговецот. Ваквата дефиниција не прави разлика помеѓу поимот „електронски пари“ и електронските начини за доставување на безготовински платни инструменти, бидејќи е нејасно дали електромагнетните информации кои се трансферираат се даден номинален износ на пари или налог со кој жиралните пари треба да се префрлат од сметката на купувачот на сметката на трговецот. Повеќето автори од САД поимот „електронски пари“ го разгледувале во рамките на системите за електронски пренос на средствата (EFT – Electronic fund transfer). Така што со примена на некоја електронска метода (банкомати, POS терминали, телефон, домашно банкарство) можат да се вршат плаќања од едно лице на друго или најразлични трансфери на средства помеѓу депозитните сметки на едно лице. Уште повеќе, во оваа дефиниција се вклопува и првиот телеграфски трансфер на пари извршен од страна на „Western Union“ во втората половина на 19 век, кој може да се смета за првиот пример на електронски пари, независно што станува збор за аналоген електронски метод, а не за дигитален електронски метод.[3] Во САД, конечното дефинирање на електронските пари, во смисла на сурогат на парите, е направено со Законот за изедначување на дејностите од областа на парични услуги на национално ниво – Uniform Money Service Act, донесен во 2001 година. Со него се дефинираат поимот и условите под кои се обавува дејноста од областа на парични услуги (Money Service Business – MSB). Даден нефинансиски ентитет се смета дека врши MSB дејност, доколку ги нуди следниве финансиски услуги: трансмисија на пари (пренос на парични средства и вршење на плаќања); продажба на платни инструменти (патнички чекови, складирана вредност); и размена на чекови за готовина и менувачки работи. Притоа, во оовј закон за првпат биле дефинирани поимите „монетарна вредност“ и „складирана вредност“ (stored value), т. е. монетарна вредност која постои во форма на електронски запис. Во Законот е оставена флексибилност во поглед на оценката од страна на надлежните институции кога даден издавач на билатерална вредност со тек на време прераснува во издавач на монетарна вредност. Така, поимот „монетарна вредност“ станува многу поуниверзален од поимите „пари“ и „електронски пари“, со оглед на фактот дека електронските пари се една посебна форма на монетарна вредност – складирана вредност. Во вака поставената дефиниција за складираната вредност нејасно е во чии посед се наоѓа уредот во кој се води записот за складираната вредност. Согласно Законот, постојат две алтернативи: уредот да се наоѓа во сопственост на корисникот или тој да се наоѓа кај издавачот. Во вториот случај, трговецот нема податоци за тоа кој му плаќа, но затоа издавачот на располага целосно со податоците за направената трансакција.[4] Европската Унија (ЕУ), особено Европската централна банка (ЕЦБ) ги има анализирано, проучувано и дефинирано електронските пари уште во 1998 година. Според ЕЦБ, под поимот „електронски пари“ се подразбира електронски складирана монетарна вредност на уред кој е широко прифатен како средство за плаќање и може да се користи за плаќања кон трета страна различна од издавачот на уредот, без да има потребаво процесот на плаќањето да се користат банкарски сметки туку истото при плаќањето се користи како претплатнички (pre paid) инструмент на доносителот.[5] Оваа дефиниција е прифатена и од страна на НБРМ, така што сите носители на платниот промет во Македонија, согласно Упатството за доставување податоци за платниот промет (Службен весник на РМ бр. 38/04) мораат да доставуваат податоци и за употребата на картичките со функција на електронски пари.[6] Во ЕУ, сепак постои суштинска разлика помеѓу дефиницијата на ЕЦБ и директивата[7] од страна на Европскиот парламент и Европскиот совет, која претставува законска рамка за работењето со електронските пари во ЕУ. Според директивата, под електронски пари се подразбира монетарната вредност изразена онака како што е декларирана од страна на издавачот и која е:[8]
Дефиницијата на ЕЦБ за електронските пари е целосно поставена како сурогат на готовите пари особено во поглед на некористењето на банкарски сметки од каде што произлегува и целосната анонимност на плаќачот во поглед на направените трансакции, додека дефиницијата дадена според 2000/46/EC го испушта фактот дали во процесот на плаќањето се вклучени сметките на плаќачот и примачот на средства. Под електронски пари се подразбираат и случаите кога монетарната вредност на сопственикот е складирана на уред кој е во сопственост на издавачот при што, евиденцијата за монетарната вредност која е во сопственост на корисникот се води преку корисничка сметка. Ваквата сметка не претствавува банкарска сметка и монетарната вредност во сопственост на корисникот не претставува паричен депозит. Со оглед на фактот дека тој на својата сметка располага со складирана вредност, а не со пари, и таа не може да биде прифатена како универзално средство за плаќање туку единствено може да се користи во мрежата на издавачот. Одлики на електронските париЕлектронските пари се најголемото технолошко достигнување во развојот на електронското банкарство. Тие претставуваат замена за хартиените пари и како такви може да се користат за плаќање на производи и услуги преку интернет, или во деловната активност на банкарските мрежи (на пример, SWIFT).[9] Електронските пари бележат брз подем и може да се претпостави дека со текот на времето нивното значење само ќе се зголемува. Сепак, не се остварија првичните предвидувања дека тие ќе предизвикаат исчезнување на книжните пари, кои дури и во развиените земји претставуваат најчесто користено средство за плаќање, особено за малите плаќања.[10]
Видови електронски париВо принцип, постојат два различни типа e-пари:
Идентификуваните е-пари содржат информации за идентитетот на корисникот (односно, лицето кое првично ги зелo парите од банката). Идентификацијата овозможува банката да ги следи парите што се движат низ економијата, на сличен начин како и при користењето на кредитните картички.
Е-готовинаЕ-готовината (E-Cash) ги има сличните особини како и готовите (книжни и ковани) пари, а тоа се следните:
Е-чек
Плаќање со е-париПостојат два модела на Е-готовина, во зависност од тоа дали во моментот трговецот има или нема on-line врска со издавачот на електронската готовина. Оттука, процесот на плаќање со е-пари може да биде:
On-line плаќањеАко трговецот има on-line врска со издавачот на е-готовината во моментот на купување, тогаш прометот со е-готовина оди на следниот начин:[18]
Off-line плаќањеВо off-line системот трговецот нема обезбедено врска со банката во моментот на плаќање и затоа моделот изгледа вака:[16]
Проблемот на двојно трошење кај е-паритеБидејќи е-парите претставуваат збир од битови, тие може многу лесно да се копираат. Поради тоа, потребни се механизми (различни криптографски методи) кои ќе го откријат можното дуплирање на е-парите. Поради тоа, потребно е да се сместат одредени податоци за корисникот на електронските пари кои ги издава банката. Притоа, идентитетот на корисникот е гарантиран од страна на банката, односно тој би се “објавил” само ако корисникот се обиде да ги искористи своите е-пари по вторпат.
Превенцијата може да се изведе ако електронските пари се наоѓаат под надзор на набљудувач, што значи одреден софтвер или хардвер во кој издавачот (банката) има доверба. Проблемот кај ова решение лежи во тоа што може да се случи да нема доверба во набљудувачот. Ако не постои набљудувач, не постои ниту можност за спречување на двојната потрошувачка, но најдобро што може да се направи е да се открие случајот кога тоа ќе се случи, како и идентитетот на винонвикот. Најчестиот проблем кај електронските плаќања се т. н. микроплаќања. Овој вид на плаќања се потребни за плаќање на многу евтини содржини, кои мора да се купат многу брзо. Пример за вакви плаќања се телефонските говорници. Оттука, на микроплаќањата се поставува горна граница за дозволен износ на плаќања, а тоа е износот од 1 долар. Благодарејќи на ова ограничување, потребата за сигурносен механизам е намалена, па и поедноставните системи ја задоволуваат намената. Проблемот на анонимностаСо оглед на тоа дека банката ја потпишува банкнотата чија содршина е непозната (купувачот може да каже дека тоа е банкнота од 1 долар, а таа всушност е од 100 долари), се применува техниката „подели и одбери“ (cut and choose). Во шемата која ја предложил David Chaum, купувачот поднесува n банкноти со ист износ, но секоја од нив носи друг сериски број. Ако прегледот покаже дека сите n-1 банкноти навистина гласат на износот што го пријавил купувачот и доколку сериските броеви се исправни, тогаш банката “на слепо” ги потпишува преостанатите банкноти. Техниката на „слепи“ потписи на купувачот му гарантира анонимност, а банкнотите што ги добил имаат исправен потпис со банкарски таен клуч. Проблемот со наведеното решение на Chaum се состои во непрактичноста на техниката “подели и одбери”, бидејќи комуникацијата меѓу банката и купувачот е многу пообемна отколку што е потребно. Затоа, Stefan Brands предложил користење на рестриктивен „слеп“ потпис, кој се заснова на математички проблем на репрезентацијата на групи од прв ред. Оваа метода во литературата е наречена „zero knowledge proof“. Како се проверува автентичноста на е-банкнотите?Банката содржи база од веќе потрошени е-банкноти, па ако една е-банкнота се појави по вторпат при една трансакција, тогаш банката ќе знае за тоа и ќе го извести корисникот. Бидејќи ова се смета за кривично дело (фалсификување пари), корисникот кој се обидел да направи дупликат на е-банкнотите ќе биде соодветно санкциониран. Системи засновани врз е-париНа интернет постојат неколку системи засновани на е-пари. Најпознати on-line системи се: ''еCash'' од фирмата DigiCash и ''NetCash'', развиен на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Најпознати off-line системи се: ''Mondex'' и ''VisaCash''.[20] eCashОсновач на фирмата е познатиот криптограф David Chaum, чии трудови се темелат на технологијата на електронските пари. Фирмата била формирана во 1990 година, но и поради лошото деловно управување и неуспешните преговори со инвеститорите (меѓу кои биле „Visa“, „Microsoft“, „Netscape“, „Citibank“, „ABN Amro“ и др.), фирмата банкротирала во 1998 година и ги продала сите свои 16 патенти на фирмата „Е-Cash Technologies“.[21] eCash се нарекуваат електронските пари кои ги создала фирмата „DigiCash“. Системот заснован на овие банкноти претставува off-line процес на плаќање, каде се користи слеп дигитален потпис, преку кој се постигнува анонимност. Банкнотите „eCash“ гласат на фиксен износ. При плаќање со овој тип банкноти мора да се плати точната сума, затоа што системот не овозможува враќање на разликата. Ако корисникот нема точен износ, тогаш може да изврши раситнување на банкнотата во банка. Користењето на „eCash“ е возможно само со користење на посебна апликација која е инсталирана на компјутерот на клиентот и преку која се овозможува подигнување на е-парите, плаќање со е-парите, како и депонирање на е-парите во банка. Валутата која се користи се вика „eBuck“ и 1 „eBuck“ вреди 1 долар. За да може клиентот да користи „eCash“, прво мора да отвори сметка во банката која нуди ваков тип пари и да депонира вистински пари. Потоа, преку инсталираниот софтвер на својот компјутер, клиентот може да повлече одреден износ е-банкноти, кои имаат шифрирани сериски броеви, да ги складира на својот компјутер и да ги употреби кога ќе има потреба од нив. При купување на одреден производ, клиентот ги испраќа е-банкнотите со шифрираните сериски броеви до банката. Банката ги запишува во својата база сериските броеви на е- банкнотите и му ги враќа „заверените“ банкноти на клиентот. Клиентот (во случајот, купувачот) врши дешифрирање на сериските броеви и ги испраќа на трговецот од кого сака да купи одредена стока.Трговецот потоа ги испраќа е-банкнотите во својата банка. Притоа, банката на купувачот и на трговецот треба да стапат во контакт за да се провери автентичноста на е-банкнотите. Ако тие се во ред, банката го известува трговецот и ги става е-парите на неговата сметка. Дигиталните банкноти „eCash може да се користат во системот само еднаш. Банката која работи со ваков тип на банкноти треба да овозможи специјални сметки за клиентите кои работат со „eCash“. Таа, исто така, треба да обезбеди и претворање на дигиталните банкноти во реални пари. Безбедноста кај овој систем е гарантирана со употреба на асиметричен алгоритам за криптирање. Пристапот до сметките може да биде обезбеден со лозинка. Регистрирањето на банкнотите со различни сериски броеви овозможува да се спречи проблемот на двојно трошење. Проверката на автентичноста на банкнотите се одвива on-line, па поради тоа и трошоците сè поголеми. NetCashСистемот NetCash е развиен на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Главна одлика е што ги користи постоечките сметководствени системи и процедури во финансиски институции. Системот се заснова на независно дистрибуирани парични опслужувачи, на кои анонимните е- банкноти се заменуваат со неанонимни. Притоа, потребно е да се овозможи меѓусебна комуникација на овие парични опслужувачи, односно еден опслужувач треба да може да прима е-банкноти од друг опслужувач. Електронските пари на „NetCash“ имаат номинална вредност и сериски број. Освен тоа, на една е-банкнота е означена и адресата на опслужувачот кој ја испраќа и датумот кога истекува е-банкнотата. CyberCashCyberCash е формирана во 1994 година, а две години подоцна станала јавна компанија која при почетната емисија на акции успеала да собере завиден капитал. Но, бидејќи работата на фирмата стагнирала, на крајот во 2001 година таа објавила стечај. Потоа, таа била откупена од фирмата „VeriSign“, која се занимава со издавање на дигитални сертификати. BillpointФирмата „Billpoint“ е основана во 1998 година. Нејзиниот успех најмногу се должел на фактот што освен електронските плаќања (е-чекови), таа вршела и класична наплата на кредитни картички. Компанијата „EBay“ во 1999 година ја купила „Billpoint“. Благодарејќи на осигурената работа од „eBay“ и од повеќе од 300 интернет сајтови, вклучувајќи ги и „Yahoo“ и „Банка на Америка“ кои ги прифаќаат нивните е-чекови, „Billpoint“ станал најмасовен облик на примена на електронски пари. ChipknipChipknip е холандски off-line систем на електронски пари заснован на смарт-картички. Тој е најголемиот систем на електронски пари во светот. „Chipknip“ функционира како дигитален паричник, кој се полни со пари на секој банкомат, а после ова може да се троши за плаќање во продавници, за телефонирање, патарина, паркинг и др. Фирмата од Холандија која ги издава овие картички се вика „Interpay“. Системот „Chipknip“ е заснован на технологијата на фирмата „Bull S. A.“, водечка светска фирма на подрачјето на смарт-картичките и на картичките од типот СС 60 и СС 1000.[22] MondexMondex е систем на електронска готовина која се заснова на технологијата на смарт-картичките. На картичката се наоѓа обработувач и меморија, кои имплементираат електронски паричник. Паричникот на „Mondex“ има пет прегради, во кои може да се држат различни валути. Компјутерот во картичката работи под операцискиот систем „MULTOS“. Тоа е повеќенаменски операциски систем кој бил замислен освен за извршување на задачи во врска со електронските пари и други потреби, за лича идентификација, за здравствена книшка, телефонски импулси и др.
PayPalPayPal овозможува пренос на парите помеѓу корисниците и продавачите, користејќи ги традиционалните методи со плаќање со чекови, налози, како и разни видови на кредитни/дебитни картички. ‘’Pay Pal’’ овозможува претворање на парите од кредитна картичка или банкарска сметка во е-пари, како и испраќање преку e-mail на фирми или лица во 38 земји во светот. Феноменот на успехот на „PayPal“ лежи во фактот дека неговиот концепт за е-пари се заснова на постоечката инфраструктура на банките и кредитните картички и користењето му е многу едноставно. Примачот добива порака „You’ve Got Cash“, а потоа кликнува на линкот кој ќе му овозможи преку неколку едноставни on-line чекори парите да ги префрли на својата сметка во банка или со нив да плати нешто или да ги испрати по e-mail.[24] „PayPal“ не е банка, но извршува слична функција. Тоа е систем кој работи како посредник помеѓу купувачот и продавачот. Притоа, и купувачот и продавачот мора да имаат отворена сметка на „PayPal“. Плаќањето се одвива преку трансфер на пари од една на друга сметка, при што, „PayPal“ наплаќа одредена провизија. PayPal најчесто се користи за купување од аукциски мрежни места, како што е eBay. Во 2002 година компанијата „eBay“ го купила „PayPal“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia