Еленец
Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленец — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера.[1] ИсторијаМанастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат за што биле обезбедени 270.000 евра од програмата ИПА за прекугранична соработка.[2][3] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија и чешма. Црква „Покров на Пресвета Богородица“Црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура којашто се одликува со три куполи, полукружна апсида на источната стана и доградена камбанарија пред главниот влез на западната страна. НастаниБлагдениВо чест на благденот Покров на Пресвета Богородица којшто се празнува на 14 октомври, во манастирот се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во него.[4] Бабина БаницаБабина Баница е собир на пензионери којшто традиционално се одржува во месец јуни. Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а е поддржан од Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Секоја година на настанот со културно-уметничка програма се собираат пензионери од цела Македонија, а се одржува и натпревар во подготовка на баница под вршник. натпреваруваат во подготовка на баница под вршник.[5] Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia