Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Цера
Покров на Пресвета Богородица – манастирска црква на манастирот Еленец.[1] ИсторијаЦрквата била изградена врз темелите на постар објект во 1880 година. манастирот во 20 век. Подоцна била срушена и обновена.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура. Таа има три осумаголни куполи коишто се распоредени во правец исток-запад, а од нив средната е малку поголема и е изградена повисоко. На источната страна, црквата има полукружна апсида, додека на останатите страни има по еден влез, а главниот е сместен на западната страна. Пред главниот влез е дограден трем над којшто се издига камбанаријата. Таа се состои од два дела. Долниот дел е повисок и има квадратна основа, а на секоја страна во висина на ѕвоното има по една монофора. Горниот дел е со помала осумаголна основа, а на секоја страна има по една мала монофора. Над споредните влезови од јужната и северната страна има по две монофори коишто се одвоени со слепа ниша. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со скалест кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од два реда. Во непосредна близина на црквата има помошен објект и чешма коишто се изградени од камен. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia