Елизабета Баковска

Елизабета Баковска (1969, Битола) — македонска писателка, книжевна теоретичарка и преведувачка.

Биографија

Баковска е родена во 1969 година во Битола. Во 1992 година, таа дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2000 година магистрирала на истиот факултет. Во 2013 година, таа докторирала на родовите студии на Институтот Евро-Балкан во Скопје. Од 1998 година, таа работи во Холандската амбасада во Скопје.

Творештво

Баковска пишува книжевни и критички текстови најчесто за македонското женско писмо. Таа ги објавила следниве книги:

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[1]

Баковска се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно, а освен тоа, таа е уредничка на Блесок Поезија во електронското списание „Блесок“.[2]

Значење и влијание

Наводи

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 187-190
  2. „Блесок (пристапено на 23.3.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-03-23. Посетено на 2014-03-08.
  3. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 406-407.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya