Елизабета Димитрова
Елизабета Димитрова (28 јули 1962, Скопје, Македонија) — македонски историчар на уметноста, византолог, професор. ЖивотописДипломирала во 1986 година на Филозофскиот факултет во Скопје, добивајќи ја наградата Франц Манинг како најдобар студент на Филозофскиот факултет во декадата 1976 - 1986 и најдобар студент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1986 година. Во академската 1989 - 1990 била стипендист на Универзитетот во Виена преку фондацијата „Готфрид фон Хердер“ ("Gottfried von Herder"). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград во 1993 (ментор – проф. д-р Јованка Максимовиќ), каде што и докторирала во 1998 година (под менторство на проф. д-р Иван М. Ѓорѓевиќ). Во 1998 година била корисник на стипендијата „Мери Чонкоф “ (Marie Chonhoff) и остварила престој на визитинг предавач на Универзитетот Темпи во Аризона. Од 1987 работи на Филозофскиот факултет во Скопје, каде во 2008 година е избрана за редовен професор. Во 2001 и 2002 година се стекнала со сертификат за организирање и менаџирање на Летни школи, семинари и обуки од Средноевропскиот универзитет во Будимпешта. Во периодот 2004 – 2011 била директор на авангардниот Охридски летен универзитет (Универзитет Евро-Балкан) во рамките на којшто е организирана и првата Летна школа за византиска уметност (2002). Постојан член е на Редакцијата на археожурналот Folia Archaeologica Balkanica кој, во издание на Филозофскиот факултет, се посветува на заслужните современи археолошки авторитети [1] ТворештвоВо рамките на својата научна работа, се посветила на проучувањето на уметноста, културата и социо-културните одлики на ранохристијанската и византиската епоха. Во тој контекст, ги дешифрирала и прва ги објавила програмските, иконографски и ликовни одлики на керамичките “икони“ од наоѓалиштето Виничко Кале , кои во 90-тите години на 20 век станаа една од главните археолошки атракции на Балканот. Го идентификувала програмскиот и иконографски концепт на фреските во Епископската базилика во Стоби врз основа на фрагментарно зачуваните делови на декорацијата од 4 столетие. Голем дел од нејзините научни трудови посветен е на анализата и контекстуализацијата на симболичните значења на иконографија та на ранохристијанските мозаици во Стоби , Хераклеја Линкестис и антички Лихнид. Посебно внимание во нејзините истражување е посветено на моделите на визуелизација на догматските пораки преку симболичниот јазик на уметничкиот израз во периодот 3–6 век (во римските катакомби, на мозаиците во Равена, во доменот на камената пластика од средоземското подрачје). Во сферата на византиската ликовна култура, монографски ја обработила црквата посветена на Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Матејче (најголемиот средновековен сликан ансамбл на македонската територија) и прецизно ја определила хронологијата на градбата и на изведениот живопис. Исто така, ги контекстуализирала фрескоаранжманите во определен број средновековни цркви на македонската територија (Нерези , Курбиново, Вељуса, Водоча, Црква „Св. Андреја“ - Матка, Марков манастир, итн.) Во своите истражувања на средновековната културна [[историја, најголемо внимание посветила на проучувањето на социо-културните димензии на ктиторските аранжмани на определени авторитети од круговите на црковната, световната власт и благородништвото, како и на анализата на стилските и естетските одлики на балканските фрескоателјеа од епохата на 13 и 14 столетие. Со свои реферати учествувала на 53 домашни и меѓународни научни собири и била раководител на 29 меѓународни проекти[2],[3],[4]. Објавени стручни делаБиблиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia