Елизабета (француска принцеза)
Елизабета Француска, (со целосното име на француски: Élisabeth Philippine Marie Hélène de France;[1][2]) наречена Мадам Елизабет, родена во Версај, на 3 мај 1764 и погубена на гилотина во Париз на 10 мај 1794, била сестра на кралевите Луј XVI, Луј XVIII и на Шарл X. За време на Теророт, морала да одговара пред Револуционерен суд и била осудена на смрт. ДетствотоПринцезата се родила на 3 мај 1764 во дворецот Версај, како последна ќерка на престолонаследникот Луј-Фердинанд и на неговата сопруга, Марија Жозефа Саксонска. Престолонаследникот следната година починал од туберкулоза а неговата жена починала две години подоцна. И двајцата не биле постари од 36 години а зад себе оставиле пет деца од кои најголемото, идниот крал Луј XVI, бил на 13-годишна возраст. Сираче на 3 годишна возраст, Елизабета стекнала одлично образование, многу посолидно од нејзината идна снаа Марија Антоанета Австриска која била 9 години повозрасна од неа. Се восхитувала на уметноста, особено на цртањето и додека сè уште била дете, нејзината гувернанта грофицата де Марсан ја носела со нејзината постара сестра, Мадам Клотилда, во уметничките салони. Елизабета покажувала вистинска склоност кон цртањето и некои од нејзините дела денес се зачувани во музејот на Версај. Таа имала и развиен спортски дух, и го сакала јавањето. Позната по својата добрина и голема побожност, Мадам Елизабет била под влијание на нејзините тетки, ќерки на Луј XV, за што сведочи нејзината коресподенција. Револуцијата![]() Елизабета и нејзиниот брат Шарл-Филип, грофот од Артоа, биле поконзервативните во кралското семејство. За разлика од братот, кој по наредба на кралот, ја напуштил Франција на 17 јули 1789, три дена по заземањето на Бастија,[3] таа решила да остане со кралот. Дури и потоа, по 6 октомври 1789, иако можела заедно со тетките да се повлече во замокот Белви близу Медон, таа одбрала да ја дели судбината со својот брат Луј XVI. Откако кралското семејство било донесено од Версај во Париз, на принцезата Елизабета ѝ бил доделен стан во дворецот Тилери каде престојувала сè до затворањето во затворот во кулата Темпл. Принцезата била жена со карактер, зрела и промислена која честопати се противела на ставовите како на нејзиниот брат така и на снаата Марија Антоанета. Нивните милења најчесто се судирале во однос на изборот на политичка стратегија. Принцезата била против уставната монархија. Со посредство на грофот Вирие, таа редовно се допишувала со грофот од Артоа, нејзиниот брат, со кого делела исти идеи. Едно од нејзините писма било откриено од страна на надлежните и станало предмет на разгледување во Народното собрание. Принцезата Елизабета велела дека кралот дозволува да биде воден од своите министри продадени на собранието и дека не постоела надеж без надворешна помош. Таа му укажувала на грофот од Артоа да делува и да ги ангажира другите владетели на Европа да работат во нивен интерес, бидејќи, како што велела, Луј XVI е толку слаб што доколку го побараат тоа од него, самиот би си ја потпишал смртната казна. Кога Мадамите ја напуштиле Франција и заминале во Папаската Држава во 1791, таа повторно одбрала да остане со својот брат и со снаата. Учествувла во бегството на кралското семејство на 20 јуни 1791 кое било неуспешно бидејќи биле фатени и вратени во дворецот Тилери. ![]() По настаните на 10 август 1792, Народното собрание го симнало од престолот кралот Луј XVI и објавил со декрет дека "Луј Капет, неговата сопруга и нивните деца (Луј-Шарл и Марија-Тереза), како и Елизабета, до следната издадена наредба да бидат затворени во Кулата Темпл". Конвенцијата отпрвин планирала Елизабета "Капет" да биде протерана од Франција, но поради некои документи во случајот против Марија Антоанета, поттикнаале декрет затвореничката да излезе пред Револуционерниот суд[4]. Во последните денови на својот живот (во текот на 1793), Елизабета својата ќелија ја делела со петнаесетгодишната внука на која и била утеха по погубувањето на родителите. Марија Тереза подоцна напишала: "Чувствувам дека ја имам нејзината природа . . . [таа] ме сметаше и се грижеше за мене како да сум ѝ ќерка, а јас ја почитував како моја втора мајка".[5] За одреден број пратеници, меѓу кои и Робеспјер, Мадам Елизабет не претставувала опасност за иднината на Републиката, но поради задкулисната борба на членовите на комитетите, изборот на жртвите станувал сè помалку селективен. ПогубувањетоНа 9 мај 1794, од ќелијата што ја делела со внуката била пренесена во Консиержеријата и била изведена пред Револуционерниот суд. Во текот на судењето, на јавниот обвинител кој ја ословувал со називот сестра на тиранинот, таа му одговорила:
… Била осудена на смрт и погубена уште следниот ден.[6] На 10 мај 1794, била донесена на плоштадот на Републиката, и била погубена последна од 25-те други погубени на тој ист ден. Нејзиното обезглавено тело било закопано во заедничката гробница на гробиштата Еранси..[7] За време на Реставрацијата, нејзиниот брат Луј XVIII сакал нејзините посмртни останки да ги погреба во кралската гробница но безуспешно. После Револуцијата, посмртните останки на принцезата, заедно со останатите, биле пренесени во Катакомбите во Париз а во базиликата Сен-Дени во Париз бил поставен медаљон којшто ја претставува. Библиографија
Иконографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia