Француската Република или Франција (француски: République française или France) е демократска држава чија територија главниот дел (метрополитен)се наоѓа во Западна Европа и која е најголема во Европската Унија по површина од 551.500 км2, и втора по население (метрополитен)со 62.448.977 (1 јануари 2009), која понатаму е сочинета од збир прекуморски острови и територии (DOM - TOM) сместени на други континенти со површина од 675.417 км2 и население од 65.073.482 (1 јануари 2009)е прва формирана држава во ЕУ.
Францукската литература го претставува развојот на книжевбоста и создавањето на литературни дела на француски јазик. Нејзиниот развој може да се следи од XI век на територијата на Франција, а подоцна истата е развила и во Канада, Белгија и Швајцарија. Таа се развивала (и се развива) на територијата на денешна Франција. Дала доста познати дела во светската литература.
Европскиот дел на Франција зазема 547,030 квадратни километри (211,209 sq mi), заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. Прочитајте повеќе
Современа Франција има скоро иста површина како и некогашниот регион Галија во кој живееле некогашните древни келтски жители Гали. Римскиот државник Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во 1 век п.н.е. и тогаш го присвоиле латинскиот јазик и култура а со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес ќе стане вториот доминантен јазик во светот.Од вториот до петтиот век Галите ја прифатиле христијанската вера. Традиционално, 486 година се смета за годината кога била создадена Француската држава. Создавањето ѝ се поврзува со завладувањето на голем дел од Галија од страна на Хлодовик I, крал на Франките. Франкија, а подоцна Франција е најстарата држава која била создадена во Европа. Името Франција за прв пат се користи во 1190 година, кога кралот Филип II Август започнал да го употребува терминот rex Francie намесо rex Francorum. Прочитајте повеќе
Едгар Дега (роден на 19 јули1834 - починал на 26 јули1917 во Париз), роден како Хилер-Жермен-Едгар Дега или на француски Hilaire-Germain-Edgar Degas бил францускисликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19. век. Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин, и повеќе сакал да го нарекуваат реалист. Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури. Дега се смета за еден од најистакнатите претставници на францускиот импресионизам, иако самиот себе никогаш не се сметал за дел на импресионистичкото движење. Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа. Прочитајте повеќе