Елица Манева

Елица Манева (Битола, 1 декември 1947) — македонски археолог и универзитетски професор[1].

Животопис

Манева е родена во Битола на 1 декември 1947 година. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1972, магистрирала во 1977 од областа на античката археологија, а докторирала во 1991 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на средниот век. Од 1973 до 1983 година работела како кустос во Заводот и музеј Битола, а од 1983 година како професор по средновековна археологија и ранохристијанска археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Вршела научни истражувања на антички и средновековни наоѓалишта (Хераклеја, Битола, Струмица, Демир Капија и др. наоѓалишта во Средното Повардарје). Уредник е на научното списание „Folia Archeologica Balkanica“ на Филозофскиот факултет.

Библиографија

  • Хераклеја: Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола, 1977;
  • Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992;
  • Целосен список... Архивирано на 4 април 2016 г.

Наводи

  1. „Археолози“. Скопско Кале. Архивирано од изворникот на 2012-04-17. Посетено на 2010-05-18.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya