Елче
Дел од општината е крајбрежен, но главниот град е оддалечен околу 11 км. од Средоземното Море. Мала река наречена Виналопо тече низ градот, разделувајќи го на два дела. Градот е познат по своите градини со палми, а најголемата Ел Палмерал, од 2000 година е под заштита од УНЕСКО Елче е исто така дом на фудбалскиот клуб „Елче“. СтопанствоЕкономијата во Елче е заснована, во најголем дел, на индустријата за чевли, со повеќе од 1000 фабрики за чевли, како еден од најважните центри за чевли во Шпанија и во остатокот од Европа. Постојат и други економски активности во градот како земјоделството (урми, маслинки, житарици, калинки), индустријата за гуми, трговијата и туризмот. Во градот се наоѓаат и конференциски центар, меѓународен аеродром наречен Аеродром Аликанте како и државниот универзитет Мигел Еернандез и приватниот универзитет Карденал Херера. Збратимени градови
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia