Емилијано Сапата Саласар |
---|
 Сапата во 1914 г. |
Роден(а) | 8 август 1879 г. Аненекуилко, Мексико |
---|
Починал(а) | 10 април 1919 г. Чинамека, Мексико |
---|
Националност | Мексиканец |
---|
Емилијано Сапата Саласар[1] (шпански: Emiliano Zapata Salazar; шпански изговор: [emiˈljano saˈpata]; 8 август 1879 - 10 април 1919) — мексикански револуционер, еден од водачите во Мексиканската револуција и водич на револуцијата на селаните во државата Морелос во Мексико. Тој е инспирација за аграрното движење наречено Сапатизам.
Животопис
Тој е роден во селото Аненекуилко во државата Морелос во Мексико, во фамилија на фармери, поради што имал увид во тешкотиите и проблемите на луѓето кои живеат на село и одработуваат земја. Тој долго протестирал против одземањето на земјите на обичните селани.[2]
Во 1909 година се случил важен состанок помеѓу старешините на неговото родно село каде што кметот на селото најавил оставка поради неговите години, но никој не се осмелил да бара нов кмет. Поради тоа, Сапата станал кмет на селото без претходно гласање, а како доверлив и сигурен човек за таква позиција.[3]
Во изборите во 1910 година, Сапата гледа можност за да ги промовира своите реформи за земјата во Мексико и прави сојуз со кандидатот Францис I Мадеро во кој гледа најдобра шанса за вистински промени во државата.[4] Сепак, Мадеро не ги исполнува реформите и поради тоа Сапато одбива да се покори на новата влада, настојувајќи спроведување на аграрните реформи и конфискација на оние земји кои припаѓаат на непријателите на револуцијата.[5]
Цитати
„
|
Подобро ќе умрам на нозе отколку да живеам на колена.
|
“
|
„
|
Земјата припаѓа само на оние кои ја работат со сопствени раце.
|
“
|
Наводи
Надворешни врски