Емилија Црвенковска
Емилија Црвенковска (р. 6 октомври 1956 во Скопје) — македонска универзитетска професорка по старословенски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ЖивотописЦрвенковска е родена во Скопје. Завршила основно образование во ОУ „Кочо Рацин“, средно во гимназијата „Јосип Броз - Тито“. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата за македонски јазик во 1982 година. На истиот факултет магистрирала во 1988, а докторирала во 1996 година. Член на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е од 1982/83 година како стажант, а во 2006 година е избрана во редовен професор. Работела како лектор по македонски јазик на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1986/87 г.). Гостувала со предавања на повеќе странски универзитети: Загреб, Љубљана, Неапол, Блумингтон, Брно, Тирана. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни конференции во: Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија, Белорусија, САД, Чешка, Грција, Италија, како и на три меѓународни славистички конгреси (Љубљана, Минск, Белград).[1] Учествувала во работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура како повеќегодишен лектор, предавач и директор, како и со реферати на Научната конференција.[1] ПубликацииКниги
Книги во коавторство
Поглавја во книги
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia