Енергетика![]() Енергетика — меѓудисциплинска инженерска наука што се занимава со делотворно, безбедно, еколошки безбедно и економски исплатливо добивање, претворање, пренос, складирање и искористување на енергија. Меѓудисциплински полињаКако меѓудисциплинска наука, енергетиката опфаќа делови од гплем број научни области.
Електроинженерство![]() Електроинженерството се занимава со производство и употреба на електрична енергија, каде спаѓа и изучувањето и изработката на машини како генератори, електромотори и трансформатори. За таа цел потребна е инфраструктура како трафостаници и претворачи, далноводи и кабли. Делотворноста на системот се подобрува со подобрување на напонот и моќноста на мрежите. ТермодинамикаТермодинамиката се занимава со фундаменталните законитости на енергијата, од теоретската физика. Топлинска и хемиска енергијаТоплинската (термална) и хемиска енергија преплетени во полиња како хемија и изучувањето на животната средина. Согорувањето е појава кај разните пламеници и хемиски двигатели, индустриски печки, при согорување на отпад. Енертетиката се справува со проблеми како загадувањето на воздухот со пречистување на издувните гасови по механички, топлински и хемиски пат. Контролата на овие издуви е предмет на работа на процесното и хемиското инженерство. Кај овој вид на енергија од важност се конструкцијата, изработката и употребата на парни котли и турбини (се користат и во добивањето на јадрена енергија). Сите овие технологии се произлезени од применетата механика и материјалотехниката.
Јадрена енергија![]() Јадрената технологија се занимава со производство на јадрена енергија од реактори, обработка на јадреното гориво и на радиоактивниот отпад. Со неа се занимаваат применетата јадрена физика, јадрената хемија и изучувањата на зрачењето. Добивањето на јадрена енергија веќе неколку децинии е проблематична тема во повеќе земји од безбедносни причини, но сепак, јадреното цепење е од голема важност светската енергетика. Овие проблеми би се решиле со развојот на технологиите за јадрено соединување и нивно искористување, но истите сè уште се предмет на истражување во областа на јадрената физика. Обновлива енергија![]() Постојат разни видови на обновлива енергија: Сончева енергија
Ветерна енергија![]() Ветерните турбини ја користат енергијата на атмосферските струења (ветришта) за претворање на механичката во електрична енергија. За таа цел конструкцијата им е аеродинамична. ГеотермалнаГеотермалната енергија ја користи топлината од земјата за загревање и добивање на електрична енергија. Хидроенергија![]() Хидроенергијата е механичка енергија од реките, морските бранови и плимата и осеката. За нејзино искористување се потребни брани, тунели, водни патишта и уредени брегови. Овој тип на енергетика е во надлежност на градежното инженерство (хидроградба и сл.), хидрологијата и геологијата. Механичката енергија на водата се претвора во електрична со водна турбина поврзана со генератор. БиоенергијаБионерегијата се занимава со собирање, обработка и искористување на биомаси добиени со биолошко производство, земјоделство и шумарство. Од нив се добиваат горива за електраните. Такви се етанолот, метанолот (обете со недостатоци) и водородот за употреба во горивни ќелии за добивање на електрична енергија. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia