Енергетика во Турција![]() ![]() Енергетиката во Турција — опфаќа производството, потрошувачка и увозот на енергетика и електрична енергија во Турција. Турција троши повеќе од 6 џули на примарна енергија годишно[1], преку 20 мегават часови по човек. 88% од енергијата е од фосилни горива[1], а енергетската политика на Турција вклучува намалување на увозот на фосилни горива, што е една четвртина од увозните трошоци[2]. Од 2016 година, емисиите на стакленички гасови од страна на Турција изнесуваале 6,3 тони годишно[3], повеќе од глобалниот просек[4]. ПрегледОд 1990 година годишната потрошувачка на примарна енергија се зголемила речиси трикратно на 1700 TW/h во 2016 година; вклучувајќи и 31% нафта, 28% гас и 27% јаглен[5], и емисиите на CO2 од согорувањето на горивото се зголемиле од 130 мегатонни (Mt) до 340 Mt[6]. Речиси сите фосилни горива освен лигнитот (кафеав јаглен) се увезуваат. Турската енергетска политика има приоритет да го намали увозот. Електричната енергија е генерирана главно од јаглен, гас (околу една третина) и хидро (околу една четвртина) со мала, но растечка количина од други обновливи извори како што се ветер и сончева енергија[7]. Атомската централа е во изградба. ИзвориЈагленТурција произведува големо количество лигнит, и речиси целиот се употребува во електраните[8], кои предизвикуваат големи количества на јаглерод диоксид со релативно ниско ниво на ефикасност. Владата субвенционира електрични централи на јаглен и покрај влијанието на индустријата за јаглен врз животната средина. ГасГодишната побарувачка за гас изнесува 50 милијарди кубни метри[9], над 30 отсто од вкупната побарувачка на енергија во Турција, а половина од нив се снабдува од Русија[10]. Сите 81 провинции во Турција се снабдуваат со природен гас[11], кој обезбедува најголем дел од топлината[12]. Поголемиот дел од гасот од Русија доаѓа преку нафтоводот Син поток, но Турски поток се очекува да почне со работа во 2019 година. Иранскиот гас доаѓа преку нафтоводот Тебриз-Анкара. Азербејџан ја снабдува Турција преку Трансанатолскиот гасовод (за кој тврдат дека е најевтин што Турција го купува[13]) и гасоводот Јужен Кавказ. Ирак, исто така, може да снабдува со гас во иднина, преку Јужниот гасен коридор [14] и гас од источниот Медитеран исто така е можност[10]. Од 2019 година само мал дел од увозот на гас повторно се извезува во ЕУ. Сепак, Турција има за цел да стане трговски центар за гас[15] и да извезува повеќе[9]. Државниот БОТАШ контролира 80% од пазарот[16]. 91 mt CO2 се испуштиле од согорување на природен гас во 2015 година[17], но субвенциите за гасни електрани намалиле за во 2019 и 2020 година. НафтаРечиси целата нафта се увезува: претежно од Ирак, Иран и Русија[18] и нафтата, исто така, транзитира од Азербејџан[19]. Јадрена енергијаТурција нема оперативни јадрени реактори, но гради атомска централа и се очекува да биде заршена во 2023 година. Обновлива енергијаХидроелектричната енергија во Турција е најголемиот обновлив извор на електрична енергија, но сончевата енергија изгледа веројатно брзо да се зголеми. Моќта на ветерот во Турција е главно на запад. Геотермалната енергија во Турција се користи главно за греење. Со масовно зголемување на производството на сончева енергија на југ и енергијата на ветерот на запад Турција би можела да ја исполни целата предложена побарувачка за енергија од обновливи извори од 2020 година[20]. Електрична енергијаСекоја година во Турција се користи околу 300 TWh електрична енергија, што е речиси една петтина од износот на примарна енергија во Турција. Бидејќи секторот за електрична енергија во Турција согорува голем број на локален и увезен јаглен, најголем извор на емисии на стакленички гасови од страна на Турција е централите на јаглен во земјата, од кои многу се субвенционирани. Увозот на гас, главно за централи во Турција, е главниот увозен трошок за економијата на Турција. Сепак, сончевата енергија во Турција и ветерната енергија во Турција се зголемуваат и избалансираат со постојната хидроенергија на земјата. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia