Еритромицин
Еритромицинот е антибиотик добиен од Streptomyces erythreus во 1952 г. Антимикробна активност : Ефикасен е против голем број на Грам + микроорганизми, посебно против пнеумококите, стрептококите, стафилококите како и кон коринобактериите. Одредена осетливост покажуваат и наисерии, хемофилус и микроплазма. Резистенција кон еритромицин : Во последните години доста микроорганизми имаат стекнато резистенција кон овој антибиотик, посебно стафилококите, а донекаде и пнеумококите. Апсорпција, дистрибуција и елиминација. Еритромицин во вид на неговата стеаратна сол е ацидорезистентен и се ресорбира преку дигестивниот тракт. Се дистрибуира скоро во сите ткива сем во ЦНС. Се елиминира преку жолчката, каде се наоѓа во многу повисоки концентрации во споредба с оние во крвта. ИндикацииЕритромицинот е веројатно лек на избор кај некои инфекции предизвикани со каринобактерии (еритразма, дифтерични клицоносители, дифтерична сепса). Сем тоа , еритромицинот е корисен лек за оние паациенти кои се алергични на пеницилинот, а имаат инфекции предизвикани од стрептококни или пнеумококни инфекции. Начин на давање и дозирањеЛекот се дава преку иста во вид на капсули , таблети или сиспензии во дози од 0,5 гр. на секој 6 саати. Несакани дејстваА. Гастроинтестинален тракт: анорексија, гадење, повраќање, ретко и проливи. Б. Оштетување на црниот дроб: може да настапи акутен холестетичен хепатит со треска и жолтица.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia