Ермис Лафазановски
Ермис Лафазановски (8 декември 1961, Клуж, Романија) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата.[1] ЖивотописЕрмис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје при што бил и негов директор. Член е на Друштвото на писталите на Македонија од 1994 година.[2] На 17 декември 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на Македонскиот ПЕН центар.[3] Книжевно творештвоЛафазановски има објавено повеќе трудови од областа на книжевноста и културната антропологија. Исто така, тој има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“.[2] Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии. Негови поважни дела се:
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia