Ероманго
ГеографијаВкупната површина на Ероманго е 891.9 км2. Најголемата должина на островот е 48 км, а ширината е од 20 до 30 км. Највисока точка е Сантоп со 886 метри надморска висина. Островот се наоѓа на следните координати 18°37'Ј и 18°59'Ј и 168°59'И и 168°20'И.[1] Во непосредна близина на Ероманго е островчето Вете Манунг, кој е на 15 км североисточно од Ероманго.[2] Средишниот дел на островот е сочинет од вулканот Сантоп.[3] Островот е дел од Меланезија. Островот е покриен со густа зелена шума, а на западниот дел има густа тревна вегетација.[4] Како и останатите острови во Вануату, така и Ероманго е со вулканско потекло.[5] НаселениеСпоред пописот од 2009 година, Ероманго имал население од 1,959 жители.[6] Просечниот годишен природен прираст е 2.2%,[7] и на островот има 325 домаќинства.[8] Најголеми села се Дилонс Беј, Потнарвин и Ипота. ЈазициПред доаѓањето на Европејците, Ероманго важел за доста разновиден во јазична смисла. По доаѓањето на Европејците, островот изгубил од 76% до 83% од староседелските јазици. Според јазичарот Тери Кроули, после Австралија, Ероманго доживеал најголема јазична катастрофа во Океанија. Денес преживеал само ероманганскиот кој го зборуваат околу 90% од населението.[8] Of Erromangans over the age of five, 63.6%[9] 63 проценти од населението се писмени на бислама,[10] на англиски 62.0% а на француски само 19% од населението.[11] СообраќајНа островот има две писти, односно аеродрома: Аеродром Дилонс Беј и Аеродром Ипота. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia