Тафеа![]() Тафеа (бислама: Tafea) е една од шестте покраини во Вануату. Тафеа ги опфаќа најјужните острови во државата. Името на покраината потекнува од првите букви на петте најголеми острови во покраината: Тана, Анејтјум, Футуна, Ероманго и Анива. Историја![]() ![]() За разлика од останатите покраини на Вануату, територијалниот интегритет на оваа административна единица не е променет уште од колонијалниот период. Сепак, во тоа време покраината се именувала или како Јужен округ или само како Тана. Денес административен центар на покраината е Исангел, а во колонијалниот период бил Ленакел. Во 1970-те на островот Тана се појавило сепаратистичко движење за независност на Тана. Самопрогласувањето било на 24 март 1974 година. Ова движење било задушено по противењето на Франција и воспоставувањето на Англо-францускиот кондоминиумот на 29 јуни 1974. Во 1980 година имало и друг обид за сепаратизам, со самопрогласувањето на независната Тафеа на 1 јануари 1980. Британските сили интервенирале на 26 мај 1980 и така останале дел од Вануату. ГеографијаПокраината има население од 32,540[1] и површина од 1,628 км2. Главниот остров, но според површина втор, е Тана. На Тана живеат околу 80% од населението на покраината. Најголемо село е Ленекел, а административен центар на покраината е Исангел. Најголемите три острови се дел од Меланезија, а Анива и Футуна се дел од Полинезија. ОстровиОстровите во покраината се:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia