Ефемиј СицилискиЕфемиј — византиски адмирал, најверојатно роден во Месина. Околу 826 година, според Мишел Амари,[1] царот назначил нов владетел на Сицилија кој или бил наречен Константин или Фотин, кој пак поморската одбрана му ја доверил на Ефемиј, земјопоседник со големи криминални дејства, обвинет со најверојатно измислено обвинение за грабнување на млада калуѓерка од манастир, тој организирал востание против византискиот цар, Михаил II, и, по неколку воени успеси, се прогласил себеси за цар на Сиракуза, независен од Цариград. На дело, тој бил харизматичен водач, и, почитуван како крал, титулата цар значела дека тој ја контролирал целата територија на островот. Сфаќајќи дека ќе биде поразен од византиските војски кои биле пратени како засилување од истокот, тој се обратил до муслиманските водачи на Ифрикија, каде побарал помош од арапите за освојување на Сицилија и Малта од византијците.[2] Во средината на летото 827 година[3] тој ги здружил своите сили со голема флота под команда на Асад ибн ел-Фурат, но умрел подоцна истата година,убиен од страна на членовите на царскиот гарнизон Кастроџовани (денес Ена). Се смета дека тој е човекот кој ја поттикнал инвазијата на арапите на Сицилија и Малта и почетокот на две вековното исламско владеење со островот кој бил наречен Сицилиски емират. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia