Сицилија
![]() Сицилија (италијански: Sicilia; старогрчки: Σικελία; малтешки Sqallija) — автономен регион во Италија и најголемиот остров во Средоземното Море, со површина од 25.700 км2 и 5 милиони жители. ГеографијаСицилија е одделена од регионот Калабрија со Месинскиот Проток на исток. Вулканот Етна, сместен близу до Катанија, е висок 3.320 м , што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот. Липарските Острови на север се административен дел на Сицилија, како што се и Егадските Острови и островот Пантелерија на запад, островот Устика на северозапад и Пелагиските Острови на југозапад. Сицилија е истакната житопроизведувачка територија. Портокалите, маслинките и виното се само дел од нејзините земјоделски производи. Рудниците од областите Ена и Калтанисета биле главни произведувачи на сулфур во 19 век, но престанале со работа во 1950-тите. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia