Ејнар Херцшпрунг
Ејнар Херцшпрунг (дански: Ejnar Hertzsprung; 8 октомври 1873 – 21 октомври 1967) — дански хемичар и астроном. Во периодот од 1911–13 г. заедно со американскиот астроном Хенри Норис Расел го разработил познатиот Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм за класификација на ѕвездите. Роден е во Копенхаген. Во 1913 г. ги утврдил растојанијата на неколку кефеидни променливи ѕвезди според нивната паралакса,[1] и со тоа успеал да го избаждари односот (откриен од Хенриета Левит) помеѓу периодот на кефеидите и нивната сјајност. При оваа работа по случајна грешка ги одредил ѕвездите на десетпати помала далечина. Со овој однос ја проценил оддалеченоста на Малиот Магеланов Облак. Од 1919 до 1946 г. Херцшпрунг работел во Лајденската опсерваторија во ХОландија, каде од 1937 г. бил нејзин директор. Меѓу дипломците во Лајден бил и истакнатиот астроном Џерард Кајпер. Веројатно најголемиот придонес за астрономијата го дал со разработката на класификација на ѕвездите според спектрален тип, развојна фаза и сјајност. Во неговат работа ја проучувал и постоечката класификација осмислена од Антонија Мори.[2] Таканаречениот Херцшпрунг-Раселов дијаграм до денес се користи како начин на типолошко претставување на ѕвездите и нивниот развој. Открил и два астероида, од кои еден е аморскиот астероид наречен 1627 Ивар.[3] Неговата сопруга Хенриета (1881–1956) била ќерка на холандскиот астроном Јакобус Каптајн. Херцшпрунг починал во Роскилде во 1967 г. Во негова чест е наречен астероидот 1693 Херцшпрунг.[4] Откриени астероиди
Почести
Извори
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia