Проект „Математичко родословие“Проект „Математичко родословие“ (англиски: Mathematics Genealogy Project, MGP) — семрежна база на податоци за академското родословие (генеалогија) на математичарите.[1][2][3] Во септември 2010 г., проектот содржел информации за преку 160.000 математичари кои учествуваат дејствуваат на „истражно ниво“. Записите обично содржат година на дипломирање, алма матер, докторски ментор и докторски аспиранти[1][4] ЦелиОпишувајќи ја своитеа цели, проектот се изјаснува: „Кога ги употребуваме зборовите „математика“ или „математичар“ ширум овој проект, нив ги подразбираме во мошне широка смисла. Затоа, кај нас се добредојдени сите релевантни податоци од полето на статистиката, информатиката и оперативното истражување.“[5] ДелокругРодословните информации на проектот се добиваат од извори како Dissertation Abstracts International („Меѓународни извадоци од дисертации“) и Notices of the American Mathematical Society („Билтен на Американското математичко друштво“), но може да дојдат од било кој учесник на проектниот портал.[3][6] Во базата може да се пребаруваат имињата на математичарите, универзитетите кајшто студирале, годината на доделување на академскиот чин, наслов на дисертацијата, имињата на менторите и вторите ментори, земјата на доделување на чинот (со знаменце), список на докторски аспиранти и бројот на академски потомци.[1] Наведени се и некои историски значајни личности што немале докторат, како што е Жозеф-Луј Лагранж.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia