Жак Фрајтаг
Жак Фрајтаг (африканс: Jacques Freitag; 11 јуни 1982 - 1 јули 2024) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во дисциплината скок во височина. Негов најдобар скок во кариерата бил скокот од 2.38 метри кој го постигнал во 2005 година. Скокот е воедно и актуелен африкански рекорд. Тој е еден од деветте атлетичари (заедно со Валери Адамс, Јусејн Болт, Вероника Кембел-Браун, Давид Шторл, Елена Исинбаева, Кирани Џејмс, Јана Питман, и Дани Самуелс) кој бил светски првак на кадетско, јуниорско и сениорско ниво во одредена дисциплина. Фрајтаг израснал во Бронхорстспрејт (50 км источно од Преторија). Неговата мајка, Хендрина Питерс, во 1973 година била првак на ЈАР во скок во височина а нејзино најдобро остварување бил постигнатиот скок од 1,74 м. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia