Жан Огист Доминик Енгр
Жан Огист Доминик Енгр (француски: Jean-Auguste-Dominique Ingres; 29 август 1780 - 14 јануари 1867) бил француски сликар, претставник на академската уметност. ЖивотописЕнгр е роден во јужниот дел на Франција, во семејство на сликари, вајари и писатели. Најпрвин студирал на Факултетот за религија во родниот град, а потоа учел во уметничкото училиште во Тулуза (1791-1797). Таму, Енгр се запознал со делата на италијанската ренесанса (особено, Рафаел) и со делата на неговиот следен професор, Жак-Луј Давид. Во август 1797 година, Енгр заминал во Париз, каде што првично учел во училиштето во Лувр, а во 1799 се префрлил во École des Beaux-Arts (Школата за убави уметности). Првично, Енгр сликал стандардни теми од антиката, но наскоро сфатил дека не е доволно само да го копира античкиот свет, и покажал жив интерес за природата. Енгр починал на 14 јануари 1867 година од пневмонија. ТворештвоЕнгр првично бил под силно влијание од неговиот учител, Жак-Луј Давид. Од овој период се сочувани неколку слики, претежно машки актови. Но, подоцна, Енгр станал зрел уметник и неговите портрети спаѓаат меѓу исклучителни остварувања на францускиот портрет од 19 век. Меѓу неговите најпознати дела се:
Значење и влијаниеЕдна песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич се вика „Енгровата одалиска“.[1] Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia