Жерар Улие
Жерар Пол Франсис Улие (роден на 3 септември 1947 година во Теруан - починал на 14 декември 2020 во Париз) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред, и фудбалски тренер. КариераПред завршувањето на својата играчка кариера во која настапувал само за аматерски клубови, Улие станал тренер на екипата на Ле Тук - која била последната за која играл - вршејќи ја должноста на играч-тренер. Потоа тој ја преземал тренерската функција во францускиот петолигаш Ну-ле-Мин, со кој и покрај малите ресурси со кои располагал клубот успеал да избори три промоции и да стигне до втората дивизија во сезоната 1978-1979.[3] Во неговите последни две сезони клубот се борел за промоција во Дивисион 1, но во двата случаи останале само на едно место под позицијата која водела во повисок ранг, а во вториот случај дури само за еден бод. Во 1982 година, Улие бил назначен за тренер на прволигашот Ланс, со кои во првата сезоната завршил на 4-тото место. Во 1985 година ја презел функцијата во Париз Сен Жермен, со кој уште во првата сезона успеал да ја освои титулата во француското првенство - што била прва во историјата на парискиот клуб. Во 1998 година бил назначен за менаџер на англискиот Ливерпул. До 2004 година, тој ги водел редситe во 307 официјални натпревари (најмногу во еден клуб во неговата кариера) освјувајќи неколку трофеи како ФА Купот, два Лига купа, еден ФА Черити Шилд, еден Суперкуп на УЕФА и пред се Купот на УЕФА во сезоната 2000-2001, победувајќи го во неверојатен натпревар шпанскиот Алавес во финалето со 5-4 со златен гол. Во 2004 година, со заемен договор тој и Ливерпул ја прекинале соработката[4] и тој бил наследен на клупата на Ливерпул од Рафаел Бенитес.[5] Во периодот 2005-2007, Улие бил тренер на Олимпик Лион, со кои освоил две титули во Лига 1. Својата последна сезона во кариерата како тренер (2010-2011) ја поминал на клупата на Астон Вила. Улие починал на 14 декември 2020, на возраст од 73 години, после долгогодишните срцеви проблеми.[6] ТитулиТренер
Почести
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia