Жолчна киселинаЖолчни киселини ― стероидни киселини кои претежно се наоѓаат во жолчката на цицачите и други ’рбетници. Различни жолчни киселини се синтетизираат во црниот дроб.[1] Жолчните киселини конјугирани со остатоци од таурин или глицин за да се добијат анјони наречени жолчни соли.[2][3][4] Првостепени жолчни киселини се тие кои ги синтетизира црниот дроб. Второстепените жолчни киселини се резултат од дејството на бактериите во дебелото црево. Кај луѓето главните жолчни соли се таурохолната киселина и гликохолната киселина (деривати на холичната киселина) и таурохенодеоксихолната киселина и гликохенодеоксихолната киселина (деривати на хенодеоксихолната киселина). Тие се приближно еднакви во количина.[5] Солите на нивните 7-алфа-дехидроксилирани деривати, деоксихолна киселина и литохолна киселина, биле исто така пронајдени, заедно со деривати на холична, хенодеоксихолна и деоксихолна киселина сочинувајќи ги над 90% од човечките билијарни жолчни киселини.[5] Жолчните киселини опфаќаат околу 80% од органските соединенија во жолчката (останатите се фосфолипиди и холестерол).[5] Зголемено лачење на жолчни киселини резултира со зголемување протекување на жолчката. Жолчните киселини го помогаат варењето на мастите и маслата. Тие служат како сурфактанти кои образуваат мицела, капсулираат хранливите материи, така што го олеснуваат нивното впивање.[6] Mицелите се спуштени во химата пред понатамошната обработка. Жолчните киселини имаат и хормоналнo дејство низ телото, особено преку фарнесоидниот X рецептор и GPBAR1 (исто така познат како TGR5).[7] ![]() ПроизводствоПрвостепени жолчни киселиниСинтезата на жолчните киселини се одвива во хепатоцитите, кои ги синтетизираат првостепените жолчни киселини (холна киселина и хенодеоксихолна киселина кај луѓето) преку оксидација на холестерол со посредство на цитохром P450 во повеќечекорна постапка. Приближно 600 мг жолчни соли се синтетизираат дневно за надомест на жолчните киселини изгубени во изметот, иако, како што е опишано подолу, многу поголемо количество се лачат, повтоно впиваат и рециклираат во цревата. Чекорот за ограничување на брзината на синтезата е со додакот на хидроксилна група на 7-та положба на стероидното јадро со ензимот холестерол 7 алфа-хидроксилаза. Овој ензим се регулира намалувајќи се од холичната киселина, и позитивно зголемено регулиран од холестеролот. Инхибиран од дејството на илеалниот хормон FGF15/19 .[2][3] Лачењето на некоја од жолчните киселини (првостепени или второстепени), претходи од клетките на црниот дроб кои ги конјугираат со глицин или со таурин, за да создадат вкупно 8 можни конјугирани жолчни киселини. Овие конјугирани жолчни киселини често се нарекуваат и жолчни соли . pKa на неконјугираните жолчни киселини е помеѓу 5 и 6,5,[4] додека pH на дванаесетпалечното црево е помеѓу 3 и 5, така што кога неконјугираните жолчни киселини се во дуоденумот, тие речиси секогаш се протонираат (форма HA), што прави тие се приближно нерастворливи во вода. Конјугацијата на жолчните киселини со аминокиселините намалува pKa на жолчната киселина аминокиселина помеѓу 1 и 4. Така што, конјугираните жолчни киселини се речиси секогаш во нивната депротонирана (А-) облик во дуоденумот, што ги прави многу порастворливи во вода и многу поспособни да ја исполнуваат својата физиолошка функција, емулгирање на мастите.[8][9] Второстепени жолчни киселиниПо лачењето во луменот на цревата, жолчните соли се изменети од цревните бактерии. Тие се делумно дехидроксилирани. Нивните глицински и таурински групи се отстранети за производството на второстепените жолчни киселини, деоксихолна киселина и литохолна киселина. Холната киселина е претворена во деоксихолна киселина, а хенодеоксихолната киселина во литхолна киселина. Сите четири од овие жолчни киселини се рециклирани, низ постапка позната како ентерохепатална циркулација.[2][3] ФункцииВарење на липидитеКако молекули со хидрофобни и хидрофилни региони, конјугираните жолчни соли седат посредно со липиди/вода, над вистинската концентрација, образувајќи мицели.[9] Додатната растворливост на конјугираните жолчни соли помага во нивната функцијата така што ја спречува пасивното, повторливо впивање во тенкото црево. Како резултат, концентрацијата на жолчните киселини/соли во тенкото црево е доволно висока за да се образуваат мицели и растворливи липидите. „Критична мицеларна концентрација“ се однесува и на суштинско својство на самата жолчна киселина и на количината на жолчна киселина неопходна за функционирање при спонтаната и динамично образување на мицели.[9] Мицелите кои содржат жолчни киселини им помагаат на липазите во варењето на липидите приближувајќи ги до граничната мембрана на цревната четка, што резултира со апсорпција на мастите.[6] Синтезата на жолчните киселини е главна рута во метаболизмот на холестеролот кај повеќето видови, со исклучок кај луѓето. Телото произведува околу 800 мг холестерол дневно и околу половина од тоа се користи за синтеза на жолчни киселини 400–600 mg дневно. Возрасните луѓе лачат помеѓу 12 и 18 г жолчни киселини во цревата секој ден, главно по оброците. Базенот на жолчните киселини е помеѓу 4-6 г, што значи дека жолчните киселини се рециклираат повеќе пати дневно. Околу 95% од жолчните киселини повторно се впивааат со активен превоз во илеумот, по што се рециклираат повторно во црниот дроб за понатамошно лачење во билијарниот систем и жолчното кесе. Оваа ентерохепатална циркулација на жолчните киселини овозможува ниска стапка на производство, само околу 0,3 г/ден, но соголеми количини што се лачат во цревата.[5] Останати функции на жолчните киселини се: вклучително и отстранување на холестеролот од телото, поттикнување на протокот на жолчката за да отстрани одредени катаболити (вклучувајќи билирубин), емулгирање на липосолубилни витамини со цел да се овозможи нивно впивање, помагаат во подвижноста и намалувањето на бактериската флора пронајдена во тенкото црево и билијарниот тракт.[5] Клеточна сигнализацијаЖолчните киселини имаат метаболичка функција во човечкото тело налик на онаа на хормоните, дејствувајќи преку два својствени рецептори, фарнесоидниот X рецептор и рецепторот на жолчката киселина поврзан со Г-белковина/TGR5.[7][10] Тие помалку специфично се поврзуваат со некои други рецептори и е пријавено дека ја регулираат активноста на одредени ензими[11] и јонски канали[12] како и синтезата на различни супстанции, вклучувајќи ендогени етаноламиди на масни киселини.[13][14] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia